Свет
Турција неутрализира 33 ПКК-терористи
Најмалку 33 ПКК-терористи беа неутрализирани за време на антитерористички операции во Турција изминатата недела, изјавија од Министерството за внатрешни работи.
Според изјавата на турското МВР, вооружените сили извршиле 2.425 копнени и воздушни операции во периодот помеѓу 17-24 септември.
Од Министерството додаваат дека дваесетина терористи биле убиени, деветмина заробени, а четворица своеволно се предале.
Безбедносните сили уапсиле 3.992 лица за криминални дејства поврзани со дрога и шверц, а 67 лица биле уапсени за поддршка и учество во терористички организации.
Во операциите се запленети 12 рачни гранати, 392 килограми експлозивни хемикалии, седум импровизирани експлозиви, 19 пушки и 14.666 единици муниција.
Според соопштението, во акцијата уништени се 14 терористички бункери.
Меѓу арсеналот запленети се 753.096 килограми дрога, 159.771 коренчиња канабис, како и 110.731 литри шверцувано гориво.
ПКК веќе над 30 години извршува терористички напади во Турција во кои загинаа преку 40.000 лица, вклучително и жени и деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.