Свет
Турција осуди 104 лица на доживотен затвор за државниот удар во 2016
Суд во Турција осуди 104 лица на доживотен затвор по обвинение за учество во државниот удар во 2016, една од најтешките казни изречени од инцидентот, јавува дневниот весник „Хуриет“.
Судот во Измир им изрече казна доживотен затвор на 104 лица од 280 осомничени. Како што порача „Хуриет“, ова е најтешката казна според турските закони. За навреди упатени кон претседателот беа казнети 21 лице, на кои им беше изречена казна од 20 години затвор, а 31 лице добија 10 години и шест месеца казна за учество во терористичка организација.
Повеќе од 240 лица загинаа во обидот за државен удар на 15 јули 2016, од кои повеќето беа невооружени цивили. Инцидентот изби кога група воени лица со тенкови и воени авиони го нападна парламентот во обид да го тргнат претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Меѓународните организации за човекови права, како и западните сојузници на Турција, се плашат дека под водството на Ердоган земјата тоне кон уште подлабок авторитаризам и го обвинуваат претседателот дека го користи пучот како оправдание за да ги замолчи оние што не се согласуваат со неговите политики.
Владата на ова одговара дека овие мерки се неопходни со оглед на безбедносните закани со кои Турција се соочува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.