Свет
Уапсени 1.800 мажи поради брак со малолетни девојки: Меѓу нив и свештениците
Полицијата во североисточната индиска држава Асам уапси повеќе од 1.800 мажи во масовна акција против практиката на склучување бракови со малолетни девојчиња.
Владата на Асам, предводена од главниот министер Химанта Бисва Сарма, минатиот месец одлучи да ги гони мажите кои стапуваат во брак со девојчиња помлади од 18 години.
Сарма најави еден ден претходно дека властите првично ќе се фокусираат на 4.000 случаи на бракови со малолетни девојчиња, регистрирани во државата во изминатите девет дена.
Хиндуистичките свештеници и муслиманските ученици кои свечено ги склопувале ваквите бракови, исто така, ќе бидат цел на апсење, рече Сарма.
Браковите меѓу лица под 18 години се нелегални во Индија, но законот не се спроведува.
Според владиното истражување од 2019 година, скоро 32 отсто од девојчињата во Асам се венчале пред 18-годишна возраст, додека скоро 12 отсто веќе пријавиле бременост до таа возраст.
Утврдено е дека источната држава Западен Бенгал има највисока стапка од 41,6 отсто од таквите бракови во Индија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.