Свет
Уапсен џихадист кој планирал напади во Шпанија во текот на Страсната седмица
Шпанската национална полиција во соработка со шпанското разузнавање и со мароканската полиција и тајна служба успеала да го уапси 23-годишен Зухаир ел Бухдиди, тврдејќи дека радикалниот исламист планирал терористички напад во шпанскиот град Севиља, пренесува „Ел еспањол“.
Ел Бухдиди, кој со остатокот од своето потесно семејство живее во Севилја во изминатите 14 години, планирал да стане бомбаш самоубиец, тврди полицијата.
Полицијата соопшти дека Ел Бухдиди планирал да го користи домашниот експлозив ТАТП, познат како „мајка на сатаната”, за да изврши самоубиствен напад. ТАТП е експлозивот што го користеа терористите во Барселона, кои, наводно, успеале да произведат 450 кг од хемиското соединение и планирале да ја кренат во воздух со Ајфеловата кула во Париз со камион бомба.
Мароканската полиција успеала да го уапси Ел Бухдиди по комуникацијата со шпанската полиција откако се посомневале дека неговото патување било замислено како збогување од членовите на неговото семејство пред да го изврши нападот за време на велигденската Страсна седмица.
Шпанската министерка за внатрешни работи веќе ги зголеми безбедносните мерки за време на Страсната седмица и планира да го задржи зголеменото ниво на безбедност и во текот на шпанските парламентарни избори подоцна овој месец.
„Ел Еспањол“ објави и подетални информации за Ел Бухдиди, тврдејќи дека неговиот татко Абдерахим е имам во сиромашен дел од Севиља и дека претходно завршил арапски и исламски студии на Универзитетот во Севилја.
Аберраим Ел Бухдиди тврдел дека неговиот син заминал во Мароко за да ја посети својата болна баба и ги отфрли обвиненијата против него тврдејќи дека неговиот син нема намера да наштети никому.
Осуетенот заговор доаѓа откако претходно неделава беше спречен друг потенцијален терористички напад во Италија . Двајца мажи, од кое еден марокански мигрант, беа уапсени од италијанските власти откако се радикализирале и зборувале за извршувањеиндивидуални напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.