Свет
Убиецот на Флојд под 24-часовен надзор, за да не изврши самоубиство
Поранешниот полицаец Дерек Шовин е прогласен за виновен за убиството на Aфроамериканецот Џорџ Флојд. Тој се соочува со затворска казна од 40 години и беше префрлен во затвор со максимално обезбедување. Тој ќе биде под 24-часовен надзор, бидејќи властите стравуваат дека може да изврши самоубиство.
Пресудата ќе биде изречена за осум недели и тој се соочува со казна од 12 до 40 години затвор, пренесува „Дејли мејл“.
Семејниот адвокат на Џорџ Флојд, Бен Камп, рече дека оваа пресуда претставува пресвртна точка во историјата на САД.
„Конечно пристигна болно заслужената правда“, изјави тој на „Твитер“.
На вториот ден од разгледувањето, поротата донесе едногласна одлука дека Шовин е виновен по сите три точки од обвинението – убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.
Поранешниот полицаец се бранеше од слобода, но по изрекувањето на пресудата, му беше укината кауцијата и беше однесен во затвор.
Така заврши тринеделното судење за убиството што ја запали и подели Америка на расна основа.
Флојд почина на 25 мај 2020 година, откако Шовин клечеше на неговиот врат девет минути за време на апсењето затоа што наводно платил сметка во блиската продавница со фалсификувана банкнота од 20 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.