Свет
Ужас на Карибите: Ајкула ја одгриза ногата на 22-годишна девојка додека нуркаше
Девојка (22) во САД била нападната од ајкула и и’ ја одгризала ногата додека нуркала на Карибите. Американката е пренесена во болница во тешка состојба, соопшти локалната полиција.
Нападот се случил во средата попладне на еден од островите пред одморалиштето „Блу хевн“, кога 22-годишната девојка нуркала со пријателка, пишува „Скај њуз“.
„Повредената девојка беше гостин на друго одморалиште и клиент на компанија за патување со брод со која не сме поврзани“, изјави портпаролката на одморалиштето Стефани Мек.
Полицијата соопшти дека вработен во одморалиштето во близина на Ливард Марина повикал полиција за нападот на ајкулата и побарал помош од 911.
Пријателот на девојката не е повреден. Се уште не е познато за каква ајкула станува збор, пишува „Скај њуз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.