Свет
Украина затвора една од двете клучни точки за транзит на гас кон Европа
Украинскиот систем за пренос на гас GTSOU објави дека поради виша сила од 11 мај ќе го прекине преносот на руски гас преку влезната точка Сохранивка, една од двете клучни точки за снабдување со руски гас во Европа.
И покрај руската инвазија, која почна на 24 февруари, Украина и натаму е важна транзитна рута за пренос на руски гас во Европа.
ГТСОУ објави дека не може да продолжи со работа на компресорската станица Новопсков поради „мешање на окупаторските сили во техничките процеси“.
Компресорската станица Новопсков во областа Луганск во источна Украина падна во рацете на Русија набргу по почетокот на инвазијата. Тоа е првата компресорска станица во Луганск, транзитна рута за околу 32,6 милиони кубни метри гас дневно, третина од рускиот гас што се транспортира во Европа преку Украина.
„ Со цел целосно да се исполнат транзитните обврски кон европските партнери и во согласност со договорот, можно е привремено да се префрли недостапниот капацитет од физичката интерконективна точка Сохранивка на физичката интерконективна точка Суџу која се наоѓа на територијата контролирана од Украина“, соопшти ГТСУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.