Свет
Украина: Убивме 17.000 руски војници, уништивме 586 тенка, 123 авиони
Генералштабот на вооружените сили на Украина објави нови податоци за наводните руски воени загуби.
Тие тврдат дека Русите изгубиле 17.000 војници од почетокот на инвазијата на 24 февруари до денес. Тие додаваат дека нивните сили уништиле 586 руски тенка, 1.694 оклопни борбени возила, 302 артилериски системи, 123 авиони, 127 хеликоптери, 54 системи за противвоздушна војна, седум брода…
Украинската армија претходно денеска го објави својот оперативен извештај. Според украинскиот Генералштаб на вооружените сили, украинските сили продолжуваат да ги спречуваат руските војници да ја преземат контролата врз клучните автопати и населби во градот Киев.
Од Донецк и Луганск беа одбиени вкупно пет непријателски напади, а украинските војници уништија два тенка, борбена машина за пешадија и автомобил, се вели во извештајот. Во претходниот извештај објавен од Министерството за одбрана на Украина се тврди дека Русија била принудена да ги повлече трупите околу Киев откако претрпе значителни загуби.
Повлекувањето значително го намали интензитетот на напредувањето на Русија и принуди некои единици да се прегрупираат во Белорусија, соопшти Генералштабот на вооружените сили. Официјални лица додадоа дека веруваат оти Русија транспортира и ракети „Искандер“ во југоисточна Белорусија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.