Свет
(Видео) Украинки во солзи ја пречекаа слободата: голема размена на жени воени заробеници, некои биле во затвор од 2019 година
Москва и Киев денеска извршија една од најголемите размени на затвореници од почетокот на конфликтот, во која беа разменети 218 затвореници, меѓу кои 108 Украинки, соопштија официјални лица од двете страни.
Украинскиот официјален претставник Андриј Јермак изјави дека меѓу ослободените жени има 12 цивили.
More videos with freed Ukrainians. It seems that nothing can impress anymore, but still always getting goosebumps as if for the first time… pic.twitter.com/SzNBhtbC9G
— UkraineWorld (@ukraine_world) October 17, 2022
„Ова е прва целосна размена на жени“, вели Јермак во пораката објавена на „Телеграм“.
Според него, 37 жени биле заробени кога руските сили ја зазеле фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол во мај.
Претходно, руските власти објавија дека Киев ослободил 80 припадници на цивилната морнарица и 30 војници. На снимката може да се видат расплакани жени како се враќаат дома во Украина по неколку месеци поминати во затвор во Русија.
Another large-scale POWs swap was carried out today. Extremely emotional and really special: we freed 108 women from captivity.
Mothers and daughters. Their relatives have been waiting for them to come back. 37 Azovstal evacuees, 11 officers, 85 privates and NCOs. pic.twitter.com/6wIjS2ouJe— Andriy Yermak (@AndriyYermak) October 17, 2022
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека некои од жените биле во затвор од 2019 година откако биле приведени од промосковските власти.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека се ослободени 110 Руси, вклучително и 72 цивилни морнари, кои беа заробени од февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.