Европа
Украински власти: Вечерва немаше област без сирени за тревога – Русите излажаа
Нема област каде што во текот на ноќта не се огласиле сирените за тревога, изјави утринава висок украински функционер по најавата на руските власти дека ќе има воени деескалации околу Киев и во Чернихив, град на северот на земјата.
„Во текот на ноќта во целата земја се огласија сирени за воздушна опасност“, изјави Вадим Денесенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина. „Всушност, немаше област каде што не се слушаа сирени. Утрово повторно се јавија, особено во Донбас, Краматорск, Бахмут, градот Киев и во киевската област. Беше гранатиран и Чернихив. Гранати беа фрлени и во регионот Хмелницки. Неколку ракети биле соборени над Киев.
Денисенко рече дека ситуацијата во Чернихив и Мариупол, градови под опсада, е тешка. Што се однесува до главниот град, имаше наводи за борби во текот на ноќта во близина на западното предградие Ирпин, додаде тој.
„Затоа засега нема потреба да се каже дека Русите го намалуваат интензитетот на непријателствата во правците на Киев и Чернихив. Да, всушност, можеме да кажеме дека одредени единици и опрема се движат кон територијата на Белорусија. „Но, тоа е повеќе како ротација на силите и лижење рани отколку вистински прекин на непријателствата“, рече Денисенко.
Украинските сили, додека ја чистеле областа во Ирпин, додаде тој, откриле голем број мини и изненадувачки мини, вклучително и на телата. „Затоа испраќам големо барање до оние што сакаат да се вратат дома – да чекаат. Официјално ќе биде објавено кога ќе можете да влезете во градот“.
Дека градот бил бомбардиран во текот на ноќта, потврди и градоначалникот на Чернихив. Владислав Атрошенко рече дека Русите лажеле и продолжиле со случајни напади врз опколениот град.
Според градските власти, од почетокот на руската инвазија на Украина во градот загинале околу 400 луѓе, а цивилите сега живеат таму без струја, гас и вода.
„Ноќта беше она што го очекувавме, односно сѐ што вети Русија беше лага од почеток до крај, па синоќа бевме под гранати. А Русите се обидуваа да ги уништат сите можни средства за преминување на реката Десна кон Киев“.
Атрошенко, кој апелира до Киев да не ги менува заробените пилоти што летале над Чернигив со украински воени заробеници, рече дека нема докази за какво било повлекување од околината на градот во последните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Голем руски напад врз Украина, Полска ги подигна борбените авиони
Руските сили рано утринава ја напаѓаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро, при што е повредено најмалку едно лице, изјави регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.
„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша на Телеграм гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак.
Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм известија за употребените проектили и експлозиите во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа. Украинските медиуми јавуваат дека експлозии се слушнале и во Лавов, град на крајниот запад на Украина.
Медиумската куќа Суспилна објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.
Руските сили извршија големи напади врз објектите на енергетската инфраструктура во последните неколку недели, вклучувајќи го и масовниот напад на 22 март, кој Киев го опиша како најголем таков напад од инвазијата на московските сили во февруари 2022 година.
Оперативната команда на полските вооружени сили соопшти дека полските и сојузничките авиони биле активирани рано утринава откако Русија извршила ракетни напади врз Украина.
„Полските и сојузничките авиони летаат во полскиот воздушен простор, што може да резултира со зголемени нивоа на бучава, особено во југоисточниот дел на земјата“, објави командата на социјалната платформа „Икс“.
Југоисточниот дел на Полска се граничи со Украина, додаде Ројтерс.
Европа
Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци
Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа. Во сообраќајката се повредени над 20 лица, извести полицијата синоќа.
Да потсетиме, ден претходно слична несреќа се случи во Германија кога автобус на „Фликсбас“ се преврте на автопатот во близина на градот Лајпциг на истокот од земјата. Во таа несреќа загинаа четири лица, а над 20 се повредени.
Автобусот излетал од патот и се превртел на страна во близина на градот Верл, 100 километри источно од Дизелдорф. Целосно е затворен делот од 20 километри од автопатот А44 од излезот Уна Ост до Верл во правец на Касел. На местото на несреќата пристигнале полицајци, пожарникари и спасувачки хеликоптер.
Полицијата првично соопшти дека 21 лице е полесно повредено, а едно е тешко. Подоцна, тие ја ревидираат бројката на 20 полесно повредени и еден тешко повреден. Портпаролот на полицијата изјави дека автобусот превезувал ученици од стручно училиште во Варбург кои се враќале од патување во Англија.
Се уште не е јасна причината за несреќата. Полицијата соопшти дека никој не е во животна опасност и дека во несреќата не учествувале други возила. Несреќата се случи само еден ден откако четири лица загинаа во автобуска несреќа во близина на Лајпциг во источна Германија.
Европа
Украина се обидува да ја убеди Индија да застане на страната на Киев, а не на Москва
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ја повика Индија да застане со Киев, велејќи дека блиските врски на Индија со Русија се засноваат на избледеното советско наследство, објави денеска Фајненшл тајмс.
Кулеба вчера пристигна во Њу Делхи со цел да ги зајакне врските со Индија, како и да ја промовира визијата на Киев за пат кон мирот во Украина.
Според Ројтерс, Индија традиционално има блиски економски и одбранбени врски со Москва и се воздржува да ја критикува Русија поради нејзината инвазија на Украина. Згора на тоа, купувањето на руска нафта од Индија е на рекордно ниво во последно време.
Кулеба рече дека Индија има многу да добие од проширувањето на трговските и технолошките врски со Украина, поставувајќи го прашањето за улогата на индиските компании во повоената обнова на Украина.
Украина сака да ја „врати трговијата“ со Индија, во форма на извоз на земјоделски производи како што е сончогледовото масло, а самата сака да купи повеќе индиски стоки. „Ние сме заинтересирани да увеземе дел од тешката машинерија што ја произведува Индија“, рече Кулеба.
Украина се надева дека во наредните месеци ќе одржи самит на светските лидери без учество на Русија, со цел да го промовира и зајакне својот план за мир, кој меѓу другото повикува на повлекување на руските трупи од нејзината територија.
Русија ја отфрли таа украинска дипломатска иницијатива.