Свет
Украинците Иван и Кристина избегаа од Мариупол: Тоа е град на смртта
Брачен пар од Мариупол во интервју за „Скај њуз“ го опиша, како што велат, болното бегство од градот.
Мариупол е град под тешки напади, а во средата ракетиран беше и театар, во чиј подрум се засолниле илјадници луѓе.
Иван и Кристина се во брак 12 години. Имаат десетгодишен син. Тие велат дека се среќни што успеале да го напуштат Мариупол претходно оваа недела.
Тие побегнаа во Днипро. Иван, кој работел како возач, рече дека семејството првично се криело во подрумот под училиштето додека гранатирале.
Сепак, пишува „Скај“, семејството донело тешка одлука да ги напушти остатокот од семејството и пријателите откако нивниот двор бил погоден од проектил.
A couple have shared their harrowing escape from Mariupol, which has suffered the worst humanitarian catastrophe of the Ukraine war so far.
Kristina Dzholas said she felt lucky to be able to escape with her family.
Read more: https://t.co/brXpxkQ64f pic.twitter.com/Jtw9PwdD6h
— Sky News (@SkyNews) March 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.