Европа
Унгарија го одби заедничкиот став на ЕУ за Израел
Германскиот печат пишува за унгарскиот премиер Виктор Орбан дека уште еднаш одбил да го прифати заедничкиот став на ЕУ, овој пат за Израел. Но, на тој начин Орбан е сè поизолиран во ЕУ, а и дома не му оди баш најдобро, се вели во текстот.
„Која е таа земја, единствена членка, што не ја прифатила позицијата на ЕУ за ескалацијата на Блискиот Исток, вклучително и повикот за итен прекин на огнот, го праша еден новинар во вторникот вечерта Жозеп Борел. И тој одговори невообичаено отворено: Тоа беше Унгарија, како што веројатно претпоставувате“, наведуваат авторите на текстот во извештајот на „Зидојче цајтунг“.
Германскиот весник пренесува дека „по видеоконференцијата, министерот за надворешни работи на Унгарија, Питер Сијарто, рекол дека принципиелно има проблеми со европските изјави за Израел. Премиерот Орбан разви блиски врски со премиерот Бенјамин Нетанјаху, па Унгарија се смета за земја во ЕУ во која Израел ужива најголема поддршка. На Унгарија ѝ пречеше фактот дека во заедничката изјава формулирана од Борел, и покрај правото на самоодбрана, Израел мора да го почитува меѓународното хуманитарно право и дека иселувањата во источен Ерусалим мора да завршат“, се додава во текстот.
„Зидојче цајтунг“ потсетува дека „пред помалку од десет дена Унгарија ја блокира декларацијата на ЕУ за кинескиот закон за безбедност за Хонг Конг. На крајот на март Унгарија ги поддржа санкциите на ЕУ против четворица Кинези за сузбивање на муслиманските Ујгури во Ксинџијанг, но министерот за надворешни работи на Унгарија, Сијарто, казните јавно ги нарече бсмислени и штетни. Во текстот се наведува дека „Орбан сака да се заканува со своето вето, на пример, во преговорите за буџетот на ЕУ. Ниедна членка не го покажува своето противење со заедничките ставови на ЕУ како Унгарија“.
Според весникот, „едно објаснување за фактот дека Будимпешта ги штити Пекинг и Москва може да бидат растечките економски врски“. „Унгарија зеде заеми од своите источни партнери за големи инфраструктурни проекти. И ништо не е познато за условите на тие заеми бидејќи, како што е вообичаено за Орбан, релевантните договори со источните партнери се строго доверливи“, пишува „Зидојче цајтунг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Возачот на „Фликсбас“ осомничен за убиство од небрежност во Германија
Против возачот на автобусот кој вчера се преврте на германскиот автопат при што загинаа четири лица, а многумина беа повредени, се води истрага за убиство и нанесување телесни повреди од небрежност, соопштија од јавното обвинителство.
Портпаролот на канцеларијата не можеше да каже дали мажот (62) веќе бил сослушан.
Двокатниот европски превозник „Фликсбас“ со 54 лица, меѓу кои и двајца возачи, излетал од автопатот А9 во близина на Лајпциг во средата наутро и се превртел. Автобускиот оператор претходно пријавил дека во автобусот имало 55 лица. Полицијата соопшти дека загинале четири лица, а шест лица се тешко повредени, а 29 лица се полесно повредени.
Не се соопштени детали за здравствената состојба на повредените.
Инспекторите во моментов се фокусирани на утврдување на причините за несреќата. Сите повредени кои се наоѓаат во болница ќе бидат испрашани, доколку тоа им го дозволи здравствената состојба, изјави портпаролката на полицискиот штаб во Лајпциг како одговор на истрагата.
Ќе се нареди и извештај за анализа на автобуската несреќа, соопштија од јавното обвинителство. Првите резултати се очекуваат само за неколку недели.
Идентитетот на четворицата загинати се уште не беше утврден до четвртокот напладне.
„Се трудиме и се надеваме дека ќе можеме да дадеме информации за тоа во попладневните часови“, изјави портпаролката на полицијата.
Автобусот патувал од Берлин до Цирих.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Величетврток.
Аудиообраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата „Ворчестер“ во негово отсуство поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата ‘Ворчестер’, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување да го следам примерот на Христос ‘да не ми служат, туку да служам’“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.