Свет
Унгарија: ЕУ се соочува со најголемата криза во својата историја
Унгарската министерка за правда жестоко го прекори Европскиот парламент во своето убедливо обраќање во средата тврдејќи дека тој е дел од проблемот, а не решение во текот на пандемијата на коронавирусот, пренесува „Брејтбрат“.
Во својот говор пред пленарното собрание на ЕП, министерката Јудит Варга рече дека ЕУ се соочува со најголемата криза во својата историја поради пандемијата на коронавирусот, што претставува директна закана за животот и здравјето на граѓаните.
Варга го истакна шокот за Европската економија поради што се потребни нови решенија за одржување и зајакнување на европската конкурентност на долг рок бидејќи методите и решенијата користени во минатото очигледно не успеаја.
Таа исто така го осуди ЕП поради критиката кон мерките на унгарската влада за заштита на своите граѓани во време кога треба да ги поддржува своите земји членки во своите напори.
„Може ли една институција да се нарече европска ако напаѓа една од земјите членки за време на најтешкиот период во борбата против епидемијата, ги доведува во прашање нејзините мерки и ја поткопува легитимноста на своите одлуки? Ова не би се квалификувало како стандардна постапка, дури и меѓу непријателите, и претставува историско предавство во рамките на европското семејство“, посочи таа.
Граѓаните на ЕУ очекуваат дека ЕУ ќе ги поддржува земјите членки со сите средства што им стојат на располагање во борбата за спасување на нивните животи, изјави таа.
„Европскиот парламент не успеа да го исполни ова очекување. Денес, ЕП не е решението, туку дел од проблемот. Изворната мисија на Европскиот парламент требаше да биде место за демократска дебата, за почитување на европските вредности и различноста и идентитетот на европските нации, но ја напушти оваа мисија не успевајќи да ги сослуша своите членови“, истакна таа.
„Денес, на една земја членка на ЕУ не ѝ се гарантира ниту правото на фер судење. Дури и во најлошиот историски период, во концептуалните тужби, се водеше грижа да се осигури барем дека обвинетиот е присутен на судењето“, рече таа во врска со критиките на ЕУ за Унгарија.
Варга исто така ги претстави вонредните мерки донесени во Унгарија инсистирајќи дека тие целосно ги почитуваат владеењето на правото и принципите на ЕУ.
„Состојбата на опасност прогласена од унгарската влада на 11 март беше проширена со овластување од Националното собрание, но ова овластување не е неограничено ниту временски ниту по содржина, а Националното собрание може да го отповика овластувањето во кое било време, дури и пред крајот на состојбата на опасност“, нагласи таа.
Сепак, Европскиот парламент, според Варга, лажно ја обвини унгарската влада дека ги прекинала седниците на Националното собрание.
„За разлика од Европскиот парламент, унгарското Национално собрание е живо и функционално“, изјави таа.
Варга исто така истакна дека вонредните мерки на унгарската влада не ги ограничуваат активностите на медиумите и не влијаат на слободата на изразување, освен во преземањето ефикасна акција за ограничување на намерното ширење лаги.
„Сè што ќе кажеме или направиме денес, ќе го оценат идните генерации врз основа на тоа дали тоа спречило или помогнало да се спречи епидемијата и Европа да се врати на нозе. Верувам дека Европскиот парламент, наместо сегашната активност за раселување, ќе најде начин да одигра соодветна улога во оваа мисија“, рече Варга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.