Свет
Унгарската министерка за правда бара извинување од ЕУ
Унгарската министерка за правда, Јудит Варга, се конфронтираше со претставниците на Европската унија поради реакцијата на Унгарија на пандемијата со Ковид-19 велејќи дека глобалистичката кампања против земјата нема никаква основа.
Министерката Варга зборуваше на состанокот на министрите на ЕУ преку телеконференција, на кој изјави дека Унгарија треба да очекува извинување од критичарите кои тврдеа дека премиерот Виктор Орбан станал диктатор.
Премиерот Орбан се откажа од своите овластувања во вонредна состојба претходно неделава, враќајќи му ги на парламентот неговите овластувања.
„Не е прв пат да бидеме жртва на кампања што нема никаква основа. Но, за среќа, во овој случај, погрешните и лажни информациите очигледно се покажаа погрешни “, рече Варга.
Таа додаде дека во идеален свет, Унгарија би добила извинување од критичарите, но со оглед на досегашната тишина, таа се повика на британскиот пејач Елтон Џон, велејќи: „Се чини дека ‘извини’ е најтешкиот збор“ (Sorry seems to be the hardest word).
Нејзиниот став подоцна беше објавен и во форма на колумна во „ЕУобзервер“.
Премиерот Орбан се соочи со бран критики од медиумите и од разни либерални и левичарски политичари, вклучувајќи ја и поранешната американска амбасадорка во ОН, Сузан Рајс, која побара земјата да биде исфрлена од ЕУ.
И покрај критиките, Унгарија беше поткрепена со извештајот на Европската комисија, во кој се вели дека земјата не прекршила никакви закони и нема правна основа за случајот против владата.
„Но сите медиуми со недели ни велеа дека Унгарија е во основа диктатура … сето ова е многу збунувачко …“, рече унгарскиот амбасадор во Ватикан, Едуард Хабсбург, по извештајот на Комисијата.
Иако мерките можеби не беа популарни кај либералните елити, анкетата објавена оваа недела откри дека огромното мнозинство (78 отсто) од Унгарците ги одобриле мерките, при што само девет отсто од испитаниците рекле дека дејствата на владата биле прекумерни/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
Парламентот на Индонезија одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео.
Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната Џакарта во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео.
Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.
Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата се пресели во Нусантара.
„Откако повеќе не е главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата“, рече тој.
Европа
Кремљ за евентуалното блокирање на Телеграм: „Се повеќе станува алатка во рацете на терористите“
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека во моментов не се планира блокирање на социјалната мрежа Телеграм во Русија.
„Не, во моментов нема такви планови“, изјави Песков за каналот Шот на прашањето дали Русија планира да го блокира Телеграма.
Тој додаде дека основачот на таа платформа Павел Дуров треба повеќе да внимава како се користи оваа социјална мрежа.
„Секако, би очекувале поголемо внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошки аспект, кој порасна, всушност, пред очите на нашата генерација, се повеќе станува алатка во рацете на терористите, се користи за терористички цели“, рече портпаролот на Кремљ, пренесува РИА Новости.
Како што изјави во средата за РИА Новости, извор запознаен со ситуацијата, сторителите на терористичкиот напад во предградието на Москва биле регрутирани преку каналот на Телеграм, Глас Хорасан, сопственост на авганистанското крило на Исламската држава.
Пратеникот на Државната дума од Обединета Русија Олег Морозов денеска оцени дека е неопходно да се развие механизам за автоматско блокирање на каналите на Телеграм кои регрутираат терористи користејќи клучни зборови користејќи вештачка интелигенција.
Европа
Шолц: Мирот во Украина е можен во секој момент, само ако Путин ги повлече своите војници
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, „варварска“ кампања и ги повлече војниците.
Шолц за „Маркише Агемајне Цајтунг“ изјави дека секогаш имало иницијативи за посредување.
„На пример, веднаш по избувнувањето на војната, Русија и Украина директно преговараа меѓу себе. Преговорите потоа пропаднаа затоа што Русија ги искористи само како изговор за истовремено да ги премести своите трупи на исток за голема офанзива“, посочи тој.
Како што тврди, токму тогаш на виделина излегле „масакрите“ во Буча и Ирпин, злосторства против човековите права извршени од страна на руските вооружени сили врз цивилното население, со што разговорите се лишени од секаква основа, пренесува медиумот.
„Малку подоцна се разговараше за договорот за жито, со успех. За жал, Путин во одреден момент повторно го откажа“, додаде Шолц.
Тој изјави дека имало разговори и за безбедноста во нуклеарната централа Запорожје и за размена на затвореници.
„Голем број земји, вклучително и Украина, во моментов разговараат на ниво на советници за безбедност за тоа што би можело да изгледа како нешто што може да доведе до мировен процес, но дозволете ми да бидам многу јасен: мирот е можен во секое време. Путин само треба да стави крај на неговата „варварска“ кампања и да ги повлече трупите“, истакна Шолц.