Свет
Уште еден јужнокорејски политичар си ја избричи главата во знак на протест
Заменик-портпаролот на парламентот на Јужна Кореја им се придружи на групата политичари што си ги избричија главите во знак на протест поради изборот на нов министер за правда, чие семејство се истражува под обвиненија за малверзација.
Претседателот Мун Џае-ин го назначи новиот министер Чо Кук на 9 септември по неколкунеделни протести и дебата во парламентот за медиумските шпекулации дека неговата ќерка неправедно добила повластен третман на универзитетот.
„Јасно е дека Чо Кук не може да биде водач на реформите. Тој треба да поднесе оставка веднаш и да се испита случајот“, рече заменик-портпаролот на парламентот, Ли Џу Јанг, пред претседателската Сина куќа, каде што јавно ја избричи главата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.