Свет
Уште една американска држава пријави случај на новиот вид коронавирус
Калифорнија го потврди првиот случај на новиот, позаразен вид коронавирус и стана втората држава во САД која има пациент инфициран со овој вид вирус. Пред Калифорнија прв случај на новиот вид коронавирус беше потврден во Колорадо.
Гувернерот а Калифорнија, Гевин Њусом, изјавил дека заразеното лице е од Јужна Калифорнија, а тоа го открил за време на јавен онлајн разговор со првиот имунолог во САД, Ентони Фаучи.
„Жителите на Калифорнија не треба да мислат дека ова е нешто чудно, туку дека е очекувано“ рекол Фаучи.
Првото лице во САД кое е инфицирано со новиот вид коронавирус е национален чувар на паркот во Колорадо, кој влегол да помогне во старски домови за време на пандемијата, но здравствените работници се сомневаат дека и неговиот колега најверојатно го има истиот вид вирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.