Регион
Фандакова по четврти пат избрана за градоначалничка на Софија
Кандидатката на бугарската владејачка партија, централно-десничарската ГЕРБ, Јорданка Фандакова, по четврти пат го доби мандатот за градоначалничка на Софија, освојувајќи 49,98 отсто од гласовите во вториот круг од локалните избори во Бугарија, според целосно обработените податоци.
Централната изборна комисија на Бугарија соопшти дека независната кандидатка Маја Манолова, која ја поддржаа опозициските социјалисти, освоила меѓу 45,13 отсто од гласовите.
Вториот круг од изборите се одржа вчера, бидејќи Фандакова не успеа да обезбеди мнозинство гласови во првиот круг. ГЕРБ и СДС, покрај Софија, добија градоначалнички места во девет изборни региони, додека кандидатите за градоначалници од Демократска Бугарија победија во девет градски области. Од поголемите градови, ГЕРБ доби и во Пловдив. Кандидатот Здравко Димитров доби 57,32 отсто од гласовите, додека противкандидатот Славчо Атанасов од ВМРО доби 38,1 отсто.
Во Варна победи кандидатот на ГЕРБ Иван Портних со 60,79 отсто од гласовите, а за неговиот противкандидат Костадин Костадинов гласаа 35,99 отсто.Во Русе убедливо победи кандидатот на БСП Пенчо Милков со 60,53 отсто од гласовите, а за кандидатот на ГЕРБ, Дијана Иванова гласаа 36,63 проценти.ГЕРБ загуби и во Плевен, каде што независниот кандидат и досегашен градоначалник Георг Спартански победи со 50,6 отсто од гласовите. Нивниот кандидат Мирослав Петров доби 47,24 отсто од гласовите.Градоначалник на Благоевград ќе биде Румен Томов од БСП, кој доби 56,61 отсто од гласовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.