Свет
Фаучи му одговори на Трамп: Смртта од Ковид-19 е реална
Двајца највисоки американски здравствени власти денес го оспорија тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека сојузните податоци за случаи со Ковид-19 и смртни случаи во САД се пренапумпани, но изразија оптимизам за зголемувањето на стапките на вакцинација.
„Смртните случаи се реални“, изјави Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести, за „Еј-би-си њуз“ додавајќи дека не се лажни податоците оти болниците се преполни, а здравствените работници под стрес.
Фаучи и шефот на американската здравствена служба, Џером Адамс, ја бранеа точноста на податоците за коронавирусот објавени од американскиот Центар за контрола и превенција на болестите кога Трамп ги нападна методите на табеларно прикажување на агенцијата.
Повеќе од 20 милиони луѓе биле заразени во САД, а речиси 347.000 починале – или еден на секои 950 жители – откако вирусот се појави во Кина кон крајот на 2019 година, според ЦДЦ.
Фаучи и Адамс изразија оптимизам дека темпото на вакцинација на Американците против вирусот се забрзува по бавниот почеток. Повеќе од 4,2 милиони луѓе се вакцинирани со една од двете вакцини од 14 декември, далеку помалку од целта на администрацијата на Трамп за 20 милиони до крајот на 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони кои ќе бидат наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации Хоризонт Европа од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2), за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото, и дека се уште го чека извештајот од обдукцијата на нејзиниот син.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го сокрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за Нова.рс изјави дека никој не дошол кај неа да и каже дека нејзиниот син е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за неговиот погреб.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата се уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие се“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала дека Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се бројните повреди што ги имал по телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото на детето.
Телото на Данка се уште не е пронајдено.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.