Свет
Фаучи: САД ќе му се приклучат на Ковакс-механизмот
САД, под претседателство на претседателот Џо Бајден, имаат намера да се приклучат на Ковакс-механизмот, чија цел е да се доставуваат вакцини во сиромашните земји, изјави главниот медицински советник на Бајден, Ентони Фаучи, за Светската здравствена организација (СЗО).
„Претседателот Бајден ќе издаде директива подоцна денес, која ја вклучува намерата на САД да му се приклучат на ‘Ковакс’ и ќе го поддржат АКТ-забрзувачот во унапредувањето на мултилатералните напори за вакцината против Ковид-19, терапевтската и дијагностичката дистрибуција, непристрасниот пристап и кон истражувањето и кон развојот“, рече Фаучи пред извршниот одбор на СЗО, објави „Ројтерс“.
Тој рече дека САД ќе останат членка на СЗО.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, ја поздрави намерата на САД изјавувајќи дека тоа е добар ден за СЗО и добар ден за глобалното здравје.
Претходникот на Бајден, Доналд Трамп, го прекина финансирањето на СЗО, каде што САД беа најголем донатор, и најави постапка за повлекување од Агенцијата во јули 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.