Свет
Фаучи: Светот не успеа да даде глобален одговор за спречување на коронавирусот во Индија
Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека светот не успеа да се обедини и да спречи коронавирусот да ја преплави Индија.
Тој особено ги критикува побогатите земји дека не обезбедуваат еднаков пристап до здравствена заштита во целиот свет. Фаучи исто така рече дека токму ситуацијата во Индија дополнително ја потенцира глобалната нееднаквост.
„Единствениот начин на кој адекватно ќе одговорите на глобалната пандемија е глобален одговор, а глобалниот одговор значи еднаквост во целиот свет“, рече Фаучи.
Индија забележа 360.960 нови случаи за 24 часа, според податоците на Министерството за здравство, што е уште еден нов дневен светски рекорд. Министерството исто така соопшти дека вкупниот број починати во Индија надмина 200.000 и изнесува 201.187.
И додека СЗО се обидува да ја забрза поддршката за Индија преку иницијативата „Ковакс“, Фаучи истакнува дека треба да се стори повеќе од тоа.
„САД навистина станаа активни во помагањето на Индија, ние испраќаме кислород, ‘ремдесивир’, опрема за лична заштита, редица други лекови и набргу ќе испратиме вакцини за помош“, рече тој.
„Значи, мислам дека тоа е одговорност што богатите земји треба да ја преземат. Во моментот тоа е ужасна трагична ситуација кога луѓето умираат затоа што нема доволно кислород, нема доволно болнички кревети. Треба да се обидеме, гледајќи напред, да постигнеме што е можно повеќе правда кога станува збор за прашања од јавното здравство, колку што можеме“, посочи Фаучи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“, повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува Танјуг.
Полицијата во моментов спроведува истрага со проверка на робата во продавниците, поради што се уште не се знае конечната количина на дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.