Свет
Филипини најсмртоносна земја за активистите за животна средина
Вкупно 164 лица во 2018 година ги загубиле животите поради одбрана на животната средина од заканувачките индустрии, соопшти британска невладина организација за човекови права.
Тоа во просек изнесува повеќе од три убиени лица секоја недела, се вели во извештајот на организацијата објавен во вторникот.
Филипините имаа најголем број убиства од која било земја со најмалку 30 убиени активисти за животната средина само минатата година. Ова е првпат азиската земја да се најде на врвот на листата што невладината организација ја објавува од 2012 година.
Во Гватемала е забележан најостар пораст на вакви убиства, кои скокнале повеќе од петпати – што ја прави најсмртоносна земја на жител.
Европа и понатаму е најмалку погодениот континент со само три пријавени смртни случаи, сите во Украина.
Рударските конфликти се причина за најголем дел од смртните случаи во 19-те земји опфатени во извештајот. Нападите во агробизнис-секторот се втората причина за смртни случаи, со вкупно 21 убиство. Во 2018 година е забележано и четирикратно зголемување на убиствата поврзани со конфликти за водата (17 убиства).
Но, на Филипините споровите поврзани со агробизнисот довеле до половина од убиствата, се вели во истражувањето. Ваквите конфликти се зголемија во југоисточна Азија поради плановите на претседателот Родриго Дутерте да им пренасочи 1,6 милион хектари земја за индустриски насади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.