Свет
Финска влегува во НАТО поради страв од руските напади?
Финците ја преиспитуваат својата воена неутралност и стравуваат дека за тоа размислува и рускиот претседател Владимир Путин.
Која граница нема да ја помине Кремљ? За тоа веќе никој не е сигурен, дури ни земја како Финска, која има големо искуство во толкување руски сигнали, пишува „Дојче веле“.
Границата меѓу Финска и Русија е долга дури 1.300 километри и е најдолга во Европската Унија. Таму мирот владее од крајот на Втората светска војна, но сега кога Русија го нападна својот суверен сосед, на Финците повеќе не им е грижа.
„На граничниот премин Валима, кој е најблиску до Хелсинки, ситуацијата е мирна од почетокот на инвазијата на Украина, освен мал број украински и руски бегалци, кои бегаат од конфликтот“, вели капетанот на граничната полиција, Јуси Пекала.
„Подготвени сме секако и се подготвуваме за разни ситуации. Не би рекол дека сме вознемирени, но сите промени најмногу се чувствуваат првин на граница“, вели Пекала за „Дојче веле“.
Промените не се добредојдени во Финска, каде што со децении работат на одржување деликатна геостратешка рамнотежа надвор од какви било воени сојузи – додека ги одржуваат односите со Москва, но и со градење добро опремена и обучена армија.
Досега Финците не чувствуваа дека им е потребна одбранбената помош на НАТО, а повеќето граѓани се противеа на членството во тој воен сојуз. Така беше до 24 февруари кога Русија ја нападна Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.