Свет
„Фокс њуз“ ги трола Елон Маск и ДеСантис со наслов „Аматерски час“
„Фокс њуз“ ги истролс гувернерот на Флорида, републиканецот Рон ДеСантис, и сопственикот на Твитер, Илон Маск, поради хаотичното лансирање на настанот „Твитер спејсес“ што гувернерот го искористи за да ја објави својата претседателска кандидатура, пренесува „Хил“.
Банер-насловот на „Фокс њуз“ во средата вечерта беше „Аматерски час – ‘Исфураната’ претседателска објава на Рон ДеСантис катастрофа на Твитер“.
На почетната страница на мрежата, исто така, беше прикажана светлоцрвен кајрон што се протега на дното на нејзината веб-страница со зборовите „ПРОГРАМСКА ЗАБЕЛЕШКА: Сакате навистина да го видите и слушнете Рон ДеСантис? Вклучете се во вестите на Фокс во 20 часот“.
ДеСантис требаше да се појави во емисија на „Фокс њуз“ со поранешниот републикански конгресмен Треј Гоуди во средата вечерта, веднаш по неговиот разговор со Маск.
Настанот „Твитер спејсес“, прв од ваков вид, имаше проблематичен почеток со аудио пречки и проблеми со поврзувањето, што ја одложи дискусијата за повеќе од 20 минути.
Маск и модераторот Дејвид Сакс, уште еден технолошки претприемач, се слушаа на фидот како велат „толку многу луѓе се пвклучуваат на просторот што ги урива серверите“.
„Треба да ставиме крај на културата на губење што ја зарази Републиканската партија во последниве години“, рече Де Сантис на средбата со Маск откако проблемите беа главно решени. Хаштагот #DeSaster (катастрофа) беше во тренд на Твитер.
Во екот на преносот, во Твитер-спејсот имаше само повеќе од половина милион слушатели, бројка што е бледа во споредба со ноќните прајм-тајм емисии на „Фокс“.
Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој ќе му бидер ривал на ДеСантис на прелиминарните избори во Републиканската партија и кој во последниве недели немилосрдно го напаѓаше „Фокс“ поради покривањето на ДеСантис, се потсмеваше со проблематичното ланисирање на „Твитер спејсес“.
“Леле! Лансирањето на DeSanctus на Твитер е КАТАСТРОФА! Целата негова кампања ќе биде катастрофа. ГЛЕДАЈТЕ“, напиша поранешниот претседател.
Тој не се воздржа, па му се потсмеваше и на ДеСантис, кој само суптилно го критикуваше Трамп и ниту еднаш не му го спомна името за време на настанот
„Моето црвено копче е поголемо, подобро, посилно и функционира (ВИСТИНА!), објави Трамп, додавајќи: „Твоето не функционира.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.