Свет
Фотографија на група средношколци ја разбранува јавноста во Америка
Управата на СОУ „Барабу”, од истоимениот град во Висконсин, почна истрага откако на интернет се појави фотографија од група од околу 50 ученици кои позираат со навидум нацистички поздрав.
На сликата може да се видат свечено облечените ученици како насмеани ја држат испружена десната рака во воздух. Некои од нив не покажуваат никаков гест, додека други направиле знак дека што потсеќа на „OK”, но се сомнева дека ова е знак на белата раса поради сличности – споени показалецот и палецот, другите три прста испружени.
If anybody from Baraboo High School in Wisconsin can clue me in on why it appears the entire male class of 2018 is throwing up a Sig Heil during their prom photos – that would be great.
h/t @CarlySidey pic.twitter.com/BL8lDVLMA4
— Jules Suzdaltsev (@jules_su) November 12, 2018
Лори Мјулер, управничка на школската област, го осуди овој потег на студентите. Таа тврди дека фотографијата била од минатата пролет и дека не била создадена во училишниот имот или настан. Сликата првично беше поставена на сајтот на фотографот, заедно со други фотографии кои наводно настанале во текот на јуниор-забава. Целиот албум сега е отстранет.
Државниот секретар Дејв Консидине рече дека овој инцидент е јасен потсетник дека расизмот сè уште е присутен во заедницата Барабу и во Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.