Свет
„Франс прес“: Европската Унија ги отвора своите граници за вакцинираните патници
Претставниците на земјите-членки на ЕУ постигнаа договор да дозволат влез во ЕУ за патници од трети земји кои ги примиле потребните дози од вакцините против Ковид-19, одобрени на европско ниво, пренесува агенцијата „Франс прес“ (АФП).
Бидејќи се приближува летната туристичка сезона, претставниците на 27-те земји-членки го одобриле предлогот на Европската комисија, чија примена сепак не е обврзувачка.
Европската Унија се очекува потполно да ги отвори своите граници за целосно вакцинирани до почетокот на јуни.
#UPDATE EU member states have agreed that the bloc’s borders should re-open to travellers who have been fully vaccinated against the coronavirus, European sources said pic.twitter.com/YHdGLKGF4s
— AFP News Agency (@AFP) May 19, 2021
Поради масовните вакцинации низ земјите членки на ЕУ, Европската комисија одлучила дека е време да се олеснат мерките за патување.
Но, во случај на нагло влошување на состојбата во некоја од земјите или регионите, тие се подготвени повторно да воведат строги мерки.
Обврската за тестирање на корона пред и по пристигнувањето или карантинот сè уште ќе важат во некои земји членки, но ЕУ вели дека овие мерки постепено ќе се релаксираат со напредувањето на процесот на вакцинацијата и подобрувањето на состојбата во некои земји.
Португалија и Грција веќе се меѓу земјите кои прифаќаат целосно вакцинирани од Велика Британија, но со овој потег ЕУ сака дополнително да го прошири тој список на земји за да им помогне на сите во текот на претстојната туристичка сезона.
Лидерите на ЕУ не успеаја да ги финишираат преговорите за воведување на дигиталните т.н. „зелени сертификати“, но преговорите ќе продолжат утре.
„Членовите на Европскиот парламент, Европската комисија и владите на земјите членки ќе продолжат со преговорите в четврток“, соопштија од португалското претседателство со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.