Свет
Франција го осуди нападот на гнев на Трамп
Дипломатијата неможе да биде диктирана од изливи на гнев, порача францускиот претседател Емануел Макрон, по самитот на Г7 во Канада, кој заврши во огорченост.
PM Justin Trudeau of Canada acted so meek and mild during our @G7 meetings only to give a news conference after I left saying that, “US Tariffs were kind of insulting” and he “will not be pushed around.” Very dishonest & weak. Our Tariffs are in response to his of 270% on dairy!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) 9 June 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп веднаш распали со твитови. Тој го опиша домаќинот на самитот, Џастин Трудо, како нечесен и слаб и ја повлече својата поддршка на заедничкото коминике.
Таа изјава ги надмине длабоките несогласувања, особено во однос на трговијата.
Канцеларијата на Макрон соопшти дека Франција и другите земји на ЕУ ќе ја задржат својата поддршка за конечното коминике за Г7.
“Да бидеме сериозни и достојни за нашиот народ. Ние се обврзуваме и се држиме до нив”, се вели во соопштението од француското претседателство кое го цитира новинската агенција АФП.
“Меѓународната соработка не може да биде диктирана од напади на гнев и одбивни забелешки”, порача Макрон.
Германија, исто така, соопшти дека ќе се придржува кон коминикето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Венеција почнува да наплаќа влезници
Оваа недела, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот.
Наменет е да се намали притисокот врз античкиот италијански град, кој тоне под тежината на масовниот туризам.
Почнувајќи од четврток, посетителите кои доаѓаат во градот на еден ден ќе треба да купат билет од пет евра, кој ќе го контролираат инспекторите на клучните локации.
Минатата година, 3,2 милиони туристи поминаа барем една ноќ во историскиот центар на градот, но десетици илјади други поминаа низ градот во текот на денот, често од бродови за крстарење, за да ги видат знаменитостите, вклучувајќи го плоштадот Свети Марко и мостот Риалто.
Целта на воведувањето билети е да се намали гужвата.
Првично, билетите ќе бидат потребни само за 29 „пик“ туристички денови во текот на 2024 година, главно за викенди од мај до јули.
Дали ваквата мерка ќе даде резултати, внимателно ќе се следи и во другите туристички дестинации низ светот кои се борат да се справат со масовниот туризам.
Во Шпанија, втората најпосетувана земја во светот по Франција, десетици илјади луѓе протестираа во саботата на Канарските острови барајќи ограничување на бројот на посетители на архипелагот.
Луиџи Бруњаро, градоначалникот на Венеција, го опиша потегот како „експеримент, прв во светот, кој има за цел да ја направи Венеција попријатна за живеење“.
Венеција, која се простира на повеќе од 100 мали острови и островчиња во североисточна Италија, се смета за еден од најубавите градови во светот.
УНЕСКО го вброи градот и неговата лагуна како светско наследство во 1987 година, наведувајќи го како „извонредно архитектонско ремек-дело“.
Организацијата на ОН, сепак, минатата година се закани дека ќе ја стави Венеција на својата листа на загрозено наследство, наведувајќи го масовниот туризам и зголемувањето на нивото на водата што се припишуваат на климатските промени.
Долго време се дискутираше за системот за издавање билети, но неговата имплементација постојано беше одложувана поради загриженоста дека сериозно ќе ги намали приходите од туризмот и ќе ја загрози слободата на движење.
Градските советници од опозицијата тврдат дека тоа нема да има никаква корист. Педесет евра можеа да помогнат“, рече еден од нив Џанфранко Бетин.
Градоначалникот на Венеција вети дека новиот систем ќе биде наметнат „нежно“, без строги контроли и редици за билети, отфрлајќи ги шпекулациите дека градот ќе постави бариери или контролни пунктови на улиците.
Инспекторите ќе бидат стационирани во и околу главните влезови на градот, особено на железничката станица Санта Лусија, проверувајќи ги посетителите на лице место.
Туристите кои немаат билет ќе добијат инструкции како да купат, но може да ризикуваат казни од 50 до 300 евра доколку ги игнорираат.
Ќе им се наплаќа само дневните туристи кои ќе дојдат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот, а од ова се ослободени оние кои престојуваат во хотели, до 14 години и лицата со посебни потреби.
Свет
Австралискиот премиер: Маск е арогантен милијардер
Австралискиот премиер го нарече Илон Маск арогантен милијардер, откако неговата платформа на социјалните мрежи „Икс“ го одложи отстранувањето на снимките од минатонеделниот напад во Сиднеј.
Вчера, австралискиот суд нареди „Икс“ (поранешен Твитер) да ги отстрани видеата од настанот. „Икс“ претходно најави дека ќе ја отстрани наведената содржина по законска одредба, пишува „Би-Би-Си“.
Сепак, Маск оттогаш објави меме во кој ја обвинува владата за цензура. Затоа, премиерот Ентони Албанес денеска изјави за „Еј-би-си њуз“ рече дека Маск е арогантен милијардер кој мисли дека е над законот.
Минатата недела, независниот интернет регулатор им се закани на „Икс“ и другите компании за социјални медиуми со високи казни доколку не ги отстранат видеата од нападот со нож во црквата Христос Добриот Пастир, кој полицијата го прогласи за терористички чин.
„Икс“ тврдеше дека оваа одредба не е во опсегот на австралиското право. Регулаторот потоа побара судска забрана за објавување на спорните снимки, а набрзо дојде до расправија на социјалните мрежи и во медиумите.
„Би сакал да го искористам овој момент за да му се заблагодарам на премиерот што ѝ посочи на јавноста дека оваа платформа е единствената што ја покажува вистината“, напиша Маск. Тој претходно ја критикуваше австралиската комесарка за безбедност на Интернет, Џули Инман Грант, опишувајќи ја како „австралиски комесар за цензура“.
Албанес застана во одбрана на Инман Грант, велејќи дека таа ги штити граѓаните на Австралија.
„Социјалните медиуми мора да бидат и општествено одговорни. Ова не е случај со Маск“, додаде тој. X мора да ги отстрани спорните снимки во рок од 24 часа по одлуката на судот.
Свет
САД подготвува огромен пакет помош за Украина: вклучува и тенкови и противвоздушна одбрана
Администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден подготвува поголем од вообичаениот пакет воена помош за Украина, кој ќе вклучува оклопни возила, заедно со итно потребната артилерија и противвоздушна одбрана, според двајца американски претставници.
Американскиот Сенат денеска треба да гласа за пакетот помош, кој се очекува речиси сигурно да биде усвоен бидејќи Претставничкиот дом ја одобри помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправии.
Конечниот пакет, кој предвидува неверојатни 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и Тајван, заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне до бирото на претседателот Џо Бајден за одобрување до крајот на неделата.
Бајден во вчерашниот телефонски разговор му ветил на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Киев може да очекува брзо пристигнување на помошта.
Украинската војска се соочува со сериозен недостиг на оружје и нови регрути додека Москва врши постојан притисок од исток. Се очекува условите да се влошат на првите линии во наредните недели, а шефот на украинското разузнавање Кирило Буданов предвиде „прилично тешка ситуација“ од средината на мај.
Покрај парите за Украина, гласањето во вторник ќе донесе одлука и за 13 милијарди долари за војната на Израел со Хамас, повеќе од 9 милијарди долари за хуманитарна помош во Газа и на други места и 8 милијарди долари воена помош за Тајван за соочување со Кина.