Свет
Франција и Италија влегуваат во новата година со рекорден број новозаразени
Франција и Италија влегуваат во новата 2022 година со рекорден број нови случаи на коронавирус, при што многу настани се откажани поради брзото ширење на омикрон.
Франција во петокот пријави 232.200 нови случаи на Ковид-19, апсолутен рекорд од почетокот на пандемијата.
Новиот број на заразени за 24 часа е поголем од 200.000 трет ден по ред.
Париз, како и многу други престолнини, мораше да се помири со фактот дека оваа година нема да има традиционални прослави. Огнометот над Триумфалната капија во Париз е откажан.
Италија исто така објави рекорден број нови случаи со повеќе од 144.000 случаи, соопшти во петокот Министерството за здравство.
Според официјалните податоци, 155 лица починале како последица на инфекција со коронавирус.
До средината на декември дневните бројки се движеа под триесет илјади, но почнаа да растат за време на празничната сезона.
Владата одлучи да воведе нови мерки поради ширењето на вирусот.
Од 10 јануари во хотели, конференциски центри, јавен превоз и во ски-лифтови ќе може да влезат само оние што биле вакцинирани или оздравени од Ковид-19.
Пред една година Италија беше под карантин иако имаше помалку нови заболени дневно отколку сега.
Од друга страна, бројот на луѓе што умираат во тоа време достигна 500 на ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции”
Во интервју за Асошиетед прес, тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето кои се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафах нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот Искандер
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Илја Јевлаш во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил Искандер-К, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на Телеграм гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија Украинските железници Укрзализница на Телеграм.
Свет
(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир
Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по неговиот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.
На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.
Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.
„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа и треба мир. Да оставиме овој гулаб да не обедини сите“, рече Радачовски.
Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.
Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Зелените, го критикуваше велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.
„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.
Додека птицата леташе низ салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.
Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.