Свет
Франција пред рекорден број барања за азил, три четвртини од азилантите најверојатно ќе останат
Околу три четвртини од барателите на азил во Франција се соочуваат со мали шанси за депортација во период кога земјата се соочува со рекорден број случаи на азил годинава. Франција се соочува со околу 130 000 случаи на азил во 2018 година, покажуваат новите податоци, што е рекорден број барања, пренесува „Фигаро“.
Во неодамнешните извештаи од францускиот Сенат се тврди дека повеќето баратели на азил, речиси 75 отсто, не се соочуваат со депортација и речиси сигурно ќе останат во земјата. Новите извештаи претставуваат огромен предизвик за новиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастане, кој беше назначен претходно оваа недела по оставката на Жерар Коломб.
Голем број илегални имигранти што доаѓаат во Франција ги користеле француските прекуокеански територии, како Француска Гвајана во Јужна Америка и Мајоте во Индискиот Океан, како влезни точки за барање азил.
Според претходниот министер за внатрешни работи, островскиот архипелаг Мајоте бил изземен од првичните правила за државјанство на Франција со цел да помогне да се спречи протокот на мигранти.
Трошоците на барателите на азил на товар на францускиот даночен обврзник исто така се мрачна тема и, без да бидат објавени последните конкретни бројки од владата. Во 2013 година ревизорите проценија дека трошоците за 66000 бањара за азил се во опсегот од една милијарда евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.