Свет
Франција распореди пожарникари со тестови на Ковид-19 на границата со Британија
Франција распореди 26 пожарникари со илјадници комплети за тестирање на Ковид-19 на пристаништето Довер, главен транзитен центар помеѓу Франција и Велика Британија, за да помогне во забрзувањето на преминот за камионите блокирани во областа поради новите ограничувања предизвикани од новиот вид коронавирус, информира Француската амбасада во Велика Британија, пренесува „Спутник“.
Според објавата на Амбасадата на „Твитер“, возачите биле подложени на тестирање на Ковид-19 на пат кон Франција.
26 French firemen have arrived early in #Dover this morning, bringing with them 10 000 #Covid19 tests.
They are already working closely with the British on the ground, testing drivers on their way to France! #StrongerTogether #FrancoBritishFriendship ???? pic.twitter.com/F2J7X89MFo— French Embassy UK (@FranceintheUK) December 24, 2020
Откога Лондон објави дека открил многу заразна нова варијанта на коронавирусот, Франција воведе забрана за пристигнување од Велика Британија оставајќи илјадници камиони блокирани во Кент, југоисточна Англија, кои не може да го преминат Англискиот Канал. Сепак, Париз во вторникот се согласи да ја укине забраната за влез во земјата за оние што имаат негативен тест на Ковид-19 не постар од 72 часа.
Според договорот Париз-Лондон, секој што сака да влезе во Франција, но има позитивен тест на Ковид-19, ќе мора да направи уште еден PCR-тест за и ако е сè уште позитивен, да остане во хотелско сместување во изолација.
Минатата недела здравствените власти во Велика Британија открија нова варијанта на коронавирусот, која е 70 отсто попренослива од другите соеви на вирусот. Поради ова, повеќе од 40 земји во светот ги затворија своите граници и ги запреа патувањата кон Велика Британија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.