Свет
Франција ќе ги врати во земјата децата на терористите на ИД во Сирија
Франција планира да врати во земјата повеќе од 100 деца на борци на Исламската држава што ги држат курдските сили во Сирија. Француските власти ќе одлучуваат на индивидуална основа дали да вратат околу 150 деца, главно на возраст под шест години, што сега ги држат Сириските демократски сили.
„Француските власти сега влегуваат во активна фаза на евалуација на можноста за враќање на малолетниците. Тоа е во најдобар интерес на децата“, изјави официјален претставник за „Телеграф“.
Мајките мора да се согласат да бидат одвоени од своите деца за тие да бидат вратени бидејќи родителите мора да останат во земјите каде што се наоѓаат и да се соочат со правен прогон од страна на локалните власти.
„На оние што извршиле злосторства во Ирак и Сирија мора да им се суди во Ирак и во Сирија“, рече француското МНР. „Исклучок се малолетниците чија ситуација ќе се разгледува одделно и постои посебна должност да се заштитат најдобрите интереси на детето“.
Француската влада соопшти дека побарала репатријација на децата поради стравот дека би можеле да станат радикализирани и да бидат милитанти ако останат во Сирија.
Процесот е комплициран од фактот што Франција не може да ги преземе децата директно од Сириските демократски сили бидејќи тие не се законски признаена власт. Франција исто така нема дипломатски врски со Сирија, што ја спречува да ги земе децата преку владата.
Дипломатски извори велат дека Франција планира да ги предаде децата на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад во Дамаск, а потоа да бидат префрлени во Либан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.