Свет
Франција ќе проверува џамии поради екстремизам
Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на џамиите, најави министерот за внатрешни работи, Жерар Дарманин.
Тој на Твитер напиша дека една од акциите ќе биде проверка на 76 џамии.
Дарманин истакна дека резултатот од тие акции, ако бидат утврдени врски со екстремизам, би можело да биде и затворање на одделни џамии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Блинкен: Изборите во Русија се недемократски, одржани во атмосфера на интензивна репресија
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска оцени дека претседателските избори во Русија биле недемократски и оти поминале во атмосфера на, како што наведе, „интензивна репресија на независните гласови и затворање, смрт или егзил на речиси целата вистинска политичка опозиција“.
„Кремљ систематски ги маргинализира групите кои се залагаат за демократски процеси и владеење на правото, вклучително и набљудувачи на изборите.
Руските власти, исто така, одбија да регистрираат антивоени претседателски кандидати под лажни изговори и не ја поканија Канцеларијата за демократски институции и човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, или која било кредибилна меѓународна организација, да го набљудува гласањето“, рече Блинкен во соопштението на Стејт департментот.
Тој додаде дека овие потези илустрираат „до кој степен Кремљ им ускрати на своите граѓани транспарентен и значаен демократски процес“.
„Во овој контекст, овие избори може да се опишат само како недемократски“, рече американскиот државен секретар.
Владимир Путин освои 87,28 отсто од гласовите на претседателските избори одржани од 15 до 17 март, покажуваат прелиминарните податоци што ги објави руската Централна изборна комисија врз основа на 100 отсто обработени гласачки ливчиња, пренесува Танјуг.
Регион
(Видео) Еди Рама оттурна новинарка, не му се допадна прашањето што му го постави
Албанскиот премиер Еди Рама за време на прес-конференцијата ја оттурна новинарката бидејќи, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила.
Како што пренесува „Газета 10“, Еди Рама ја турнал репортерката на телевизијата СИРИ откога таа му поставила прашање.
Наводно новинароката го прашала премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, а во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“.
По тоа, дошло до физички контакт, а сè се случило додека бил опкружен со новинарски екипи.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
„Ве молам, не допирајте ме повеќе“, рекла новинарката додека Рама си заминувал по инцидентот, пренесува „Блиц“.
Свет
Во Мексико нападната шефицата на полицијата на автопат, ѝ ја отсекле главата
Мексиканските власти вчера објавија дека една шефица полицајка и нејзините двајца помошници биле убиени при напад на автопат во државата Мичоакан. Агенцијата за државна безбедност на социјалните мрежи објави дека тројца полицајци биле убиени за време на должноста во неделата вечерта, пишува „Си-би-ес њуз“.
Меѓу нив беше и Кристал Гарсија Хуртадо, регионален полициски командант. Локалните медиуми јавија дека напаѓачите ѝ ја отсекле главата.
„Го осудуваме кукавичкото убиство на нашите колеги од полицијата, кои беа брутално нападнати додека ја извршуваа својата должност“, се вели во објавата на социјалните мрежи, во која се идентификувани другите две жртви како Ицел Мадеро Лареа и Давид де Хесус Еспиноза Валдез.
Нападот се случил на автопатот што ги поврзува градовите Пацкуаро и Уруапан. Државното обвинителство на Мичоакан, кое ја води истрагата, веднаш не го коментира инцидентот. Мичоакан има голем проблем со конфликтите меѓу бандите. На почетокот на овој месец тројца земјоделци беа разнесени со бомба.
Тоа се случи само неколку дена откако претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор призна дека импровизирана експлозивна направа убила најмалку четворица војници, во, како што рече, стапицата што веројатно ја поставил картелот Мичоакан. Во февруари двајца кандидати за градоначалник на градот Мараватио беа убиени за неколку часа еден од друг.