Свет
Французин осомничен за десетици убиства, се истражува дали е поврзан со исчезнувањето на 40 лица
Француските иследници идентификувале околу 40 нерешени случаи на исчезнати лица и други нерешени случаи кои се можеби поврзани со поранешен војник што беше уапсен лани и обвинет за две убиства во југоисточна Франција, пренесува „Локал“.
Нордал Леланди веќе признал дека во април 2017 година убил еден војник што автостопирал и дека киднапирал и убил осумгодишна ученичка во август 2017 година. Тој, исто така, е обвинет за сексуален напад на двајца малолетни братучеди.
По нешто повеќе од една година анализирање на минатото и движењата на Леландис, полицијата вели дека можно е тој да е поврзан со околу 40 нерешени случаи, главно во регионот на Рона-Алпи.
,,Во овој момент Нордал Леланди не е формално и законски вмешан во кој било од овие случаи”, изјави Жан-Филип Лекуф од воената полиција на Националната жандармерија во Париз.
Повеќето од случаите се нерешени исчезнувања, а во помалку од десетина се вклучени малолетни лица, рече Лекуф, кој не ја отфрли можноста дека многу повеќе случаи би можеле да бидат разгледани.
Тој не ги откри конкретните случаи што се разгледуваат, но меѓу нив е можно да е исчезнување на посетител на фестивалот за електронска музика „Елеменс“ во близина на ски-центарот Албервил во 2011 година, објавија француските медиуми.
Уште еден посетител на истиот настан исчезнал една година подоцна, се вели во извештаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.