Свет
Францускиот амбасадор во Шведска: Франција е муслиманска земја
Додека вербалните напади на францускиот претседател Емануел Макрон врз политичкиот ислам предизвикаа дипломатски конфликт со Турција и доведоа до протести и зачеток на бојкот на француските производи во арапскиот свет, амбасадорот на Франција во Шведска, Етјен де Гонвил, цврсто ја отфрли идејата дека постои ризик од конфликт меѓу Франција и муслиманскиот свет, пренесува „Спутник“.
Де Гонвил отиде дотаму што во интервју за шведскиот национален радиодифузер СВТ ја нарече Франција муслиманска земја.
„Прво и основно, Франција е муслиманска земја“, рече Етјен де Гонвил. „Исламот е втора по големина религија во Франција. Имаме некаде помеѓу 4 и 8 милиони француски граѓани кои имаат муслиманско наследство“, истакна тој.
Амбасадорот истакна дека пропагандата на Ал каеда ги принудува муслиманите да извршат терористички акти, а не исламот како таков.
Кога водителот Андерс Холмберг сугерира дека дури и муслиманите што не се радикални се навредени од карикатурите на пророкот Мухамед, Де Гонвил возврати дека тоа е морално двосмислено прашање. Според Де Гонвил, главната тема на дискусијата е тероризмот, а не исламот, а ставањето поинаков акцент би било погрешно.
„Медиумите мора да знаат како да го решат прашањето на исламски тероризам и да не паднат во стапицата на таа идеја дека наводно ќе го навреди исламот. Исламот е многу разнолик. Оние што сега ги слушаме зборуваат за овие радикални исламистички тимови. Не треба да им даваме поголема важност отколку што имаат. Тие се малцинство“, рече амбасадорот.
Професорот по историја Самуел Пети беше брутално обезглавен во предградие на Париз од страна на 18-годишник со чеченско потекло по покажувањето неколку сатирични карикатури на муслиманскиот пророк Мухамед за време на предавањето за слободата на говорот и слободата на совеста. Иако осомничениот беше застрелан од полицајци истиот ден, истрагата за бруталното убиство е во тек.
Грозоморното убиство на Пети ја потресе Франција предизвикувајќи масовни протести во одбрана на слободата на говорот. Претседателот Макрон веднаш го искажа својот став нарекувајќи го злобниот инцидент терористички напад наложувајќи ѝ на својата влада да преземе чекори за искоренување на исламистичката закана и засилување на безбедноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит
Бразилската полиција уапси жена осомничена дека донела мртов маж, за кој вели дека и е вујко, во банка за да земе кредит. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како жена на шалтерот на банката „Итау“ во Рио де Жанеиро ја крева главата на постар маж во инвалидска количка и се обидува да му стави пенкало во раката.
Од полицијата велат дека осомничената се обидувала да земе кредит во износ од 3.000 долари, кој банката веќе го одобрила, но за што било потребно одобрение и од вујкото. Додека таа се обидувала да му го наместо пенкалото, главата му паѓала назад, пишува „Си-ен-ен“.
„Вујко слушаш, мораш да потпишеш. ако не потпишеш нема шанси. Не можам да ти потпишам, мораш. Ајде потпиши, не прави проблем, јас не можам, направи го тоа повеќе“, му зборувала жената. Еден од вработените во банката во тој момент изјавил дека постарата личност најверојатно не се чувствува добро.
Шефот на цивилната полиција на Рио де Жанеиро, Фабио Луис Соуза, изјави дека вработените во банката потоа решиле да повикаат брза помош. Кога пристигнале болничарите, утврдиле дека човекот бил мртов неколку часа и дека не бил жив кога бил донесен во банката. Полицијата води истрага, а засега не е покренато обвинение.
Адвокатот на семејството го демантираше полицискиот извештај: „Работите не испаднаа така. Човекот беше донесен жив во банка. Мојата клиентка е целосно потресена, зема лекови“.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.