Свет
Француски сенатор тврди дека забраната за бурка не се спроведува во одредени области
Француската сенаторка Жacаклин Еустаче-Бринио, автор на извештајот за исламскиот радикализам во Франција, тврди дека одредени области на земјата не ја применуваат забраната на исламските превези на лицето, пренесува „Ла Кроа“.
Еустаче-Бринио, член на десниот центар Ле Републикан (ЛР), рече дека и покрај бројките, кои покажуваат сè помалку предупредувања и казни за носење бурка или никаб, законот не се спроведува во многу населби и гратчиња под влијанието на исламистите.
Донесена пред една деценија, француската забрана за превезот на целото лице, која беше ставена во сила од поранешниот конзервативен премиер Франсоа Фијон под претседателство на Никола Саркози, предвидува глоба од 150 евра за оние што го покриваат лицето на јавни места.
Од април 2011 година до март 2016 година полицијата извршила 1.726 проверки, издала 1.644 глоби и 82 предупредувања за оние што биле фатени со превез на целото лице. Француското Министерство за внатрешни работи тврди дека бројките се намалени по спроведувањето на законот и го наведе трендот како успех.
Француската забрана за превез предизвика бран слично законодавство во другите европски земји од 2010 година, вклучувајќи ги Австрија, Бугарија и Холандија, но во последните години имаше правни предизвици.
Во 2018 година Комитетот за човекови права на ОН ја критикува забраната на превезот на Франција и тврдеше дека со тоа се кршат правата на две жени што биле казнети за носење превез во јавност.
„Францускиот закон непропорционално му штети на правото на подносителот да ги манифестира своите религиозни убедувања“, рече комитетот.
Според обелоденетиот извештај на француската агенција за внатрешна безбедност, Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ), најмалку 150 населби во Франција сега се под контрола на исламистички радикали, вклучувајќи ги и париските предградија Сен-Сан Дени и предградија на други поголеми градови.
Францускиот претседател, Емануел Макрон, во минатото јасно стави до знаење дека ги признава проблемите на гетоизацијата и направи потези за затворање на радикалните џамии и здруженија за да се запре ширењето на радикалниот ислам во Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.