Свет
Хилари Клинтон: Асанж мора да одговара за она што го сторил
Поранешната кандидатка на демократите за претседател на САД, Хилари Клинтон, смета дека основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, кој беше уапсен вчера во Лондон, мора да одговара за она што го сторил.
„Суштината е дека тој мора да одговара за она што го сторил, барем за тоа за што е обвинет“, изјави Клинтон, која е и поранешна американска државна секретарка.
„Викиликс“ ги објави имејловите на Демократската партија што беа украдени од страна на руските разузнавачи за време на предизборната кампања во 2016 година, што ѝ наштети на кампањата на Хилари Клинтон.
Асанж беше уапсен вчера во Лондон кога владата на Еквадор го укина неговиот азил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.