Свет
Хирошима планира да ги урне зградите што ја преживеаја атомската бомба
Јапонскиот град Хирошима планира да урне две згради што го преживеаја нападот со атомска бомба од 1945 година, но некои жители сакаат да ги зачуваат како обележје.
Двете згради, изградени во 1913 година, првин биле користени како воена фабрика за облека, а подоцна и за сместување студенти, јави Би-би-си.
Тие биле користени и како импровизирана болница по експлодирањето на бомбата.
„Тие може да се користат како објекти за промовирање на идејата за укинување на нуклеарното оружје“, рече еден од преживеаните.
Како последица од експлозијата на бомба загинаа речиси 80.000 луѓе, а повредени се уште 35.000.
Во нападот најголемиот дел од градот бил срамнет со земјата и до минатата година во круг од пет километри околу местото на детонацијата останале само 85 згради изградени пред експлозијата.
Зградите преживеале делумно затоа што биле изградени од армиран бетон.
Оштетувањето на металните прозорци и врати е видливо и денес.
Властите утврдиле во 2017 година дека постои голема веројатност зградите, кои сега се во јавна сопственост, да се урнат во случај на силен земјотрес.
Бидејќи зградите не се користат, локалната власт одлучила да ги урне до 2022 година.
Третата зграда на локацијата ќе биде зачувана, а нејзините sидови и покривот ќе бидат санирани и зајакнати за да издржат земјотрес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.