Свет
Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот
Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот, објави холандскиот премиер Марк Руте.
Кафулињата и рестораните, како и местата кои нудат културни содржини, ќе бидат отворени до 22 часот, но со рестриктивни мерки, како задолжително носење маски и докази за вакцинација.
Исто така, ќе ѝовозможи на јавноста повторно да учествува во спортски настани, како фудбалски натпревари. Мерката за затворање продавници беше укината минатата недела, откако беше наметнато строго затворање на 18 декември. Притисокот врз владата да ги укине рестриктивните мерки беше огромен, пишува „Телеграф“.
Протестираа претприемачите и целиот културен сектор, а градоначалниците побараа укинување на мерките пропишани за рестораните, кои останаа отворени во соседните Германија и Белгија.
Бројот на нови заразени почна рапидно да расте, па според последните податоци во последните 24 часа се идентификувани 65.000 нови случаи.
Се смета дека тој број е уште поголем со оглед на тешкотијата да се идентификува толку голем број на заразени. Стапката на инциденца во последните седум дена е речиси 2.000 нови инфекции на 100.000 жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ерменскиот премиер: Војната може да почне до крајот на неделата
Доколку Ереван не ги исполни барањата на Баку за враќање на пограничните села на Азербејџан, кои Ерменија ги смета за своја територија, може да избие војна, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан.
„Нашата задача е да имаме граница која ќе стане бариера од меѓународна гледна точка и де јуре, а пукањето на оваа граница нема да биде прифатено, ќе изградиме патишта, ќе им обезбедиме на жителите на пограничните села се што им треба. Онаму каде што е потребно, ќе платиме дополнителен надомест. Но, сакам да опишам друго сценарио. Можеме да заминеме одовде, да заминеме и да кажеме различни работи. Тоа значи дека до крајот на неделата ќе започне војната“, посочи Пашинјан.
Тој додаде дека дури знае како ќе заврши таквата војна, односно дека ќе го пречекаат на Плоштадот на Републиката во Ереван, каде граѓаните ќе му замеруваат за неговата неактивност, иако ги имал потребните информации, пренесува РИА Новости.
Прес-службата на вицепремиерот на Азербејџан Шахин Мустафаев на 9 март објави дека Баку бара ослободување на селата за кои тврди дека биле окупирани од Ерменија, како дел од процесот на демаркација.
Истовремено, азербејџанската страна не ги признава извештаите кои кружат во ерменските медиуми дека наводно 31 село се под окупација на Азербејџан.
Ерменските власти забележаа дека при демаркацијата ќе биде неопходно да се земе предвид постоењето на конкретни територијални ентитети, имено ерменската енклава Арцвашен на територијата на Азербејџан и азербејџанската енклава во Ерменија.
Пашинјан смета дека овој предлог на Баку е неприфатлив поради патиштата кои минуваат низ ерменската енклава и го поврзуваат Ереван со Иран и Грузија.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави во декември 2023 година дека азербејџанската страна не сака војна со Ерменија, а целосната контрола над азербејџанската територија е суверено право на Баку.
Коментирајќи ја изјавата на Пашинјан, портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, на каналот Телеграм напиша дека моменталната ситуација е резултат на консултациите на Ереван со Западот и на никаков начин не е поврзана со Русија.
Свет
Вонредна состојба во регион во Русија, поради несреќа во рудник, затрупани 13 лица
Во Амурската област на рускиот далечен исток воведена е вонредна состојба поради инцидентот во рудникот за злато „Пионир“ во областа Зеја, каде што 13 лица останаа заробени под урнатините поради пад на карпа, соопштија од тој регион.
„Во Амурската област е воведена регионална вонредна состојба поради инцидентот во рудникот ‘Пионир’ во областа Зеја, со цел да се мобилизираат сите сили и ресурси. Оваа одлука е донесена на вонредна седница што ја одржа регионалниот гувернер“, се вели во соопштението на локалната самоуправа.
Претставник на службата за вонредни состојби за „РИА новости“ изјави дека во рудникот во моментот на уривањето имало 13 лица. Групата спасувачи, главно од Руската Република Јакутија, се состои од 25 вработени, а со нив пристигнале и четири парчиња опрема.
Покрај тоа, хеликоптерот „ми-8“ на руското Министерство за вонредни ситуации полета од територијата Хабаровск до местото на несреќата, пренесува „Интерфакс“. Од оперативните служби за „Интерфакс“ велат дека, според првичните информации, луѓето се на длабочина од 100 до 150 метри, а засега нема информации за можни жртви.
Свет
Силен земјотрес го погоди Пакистан
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Белучистан во Пакистан, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
ГФЗ додаде дека земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува „Ројтерс“.
Засега нема информации за жртви, а не се знае и колкава е штетата предизвикана од земјотресот.