Свет
Хонгконг првпат по 20 години забрани политичка партија
Хонгконг денес ја забрани Националната партија, која се залага за независност на поранешната британска колонија, што е прва забрана на некоја партија во Хонгконг по 1997 година и враќањето на таа територија под покровителство на Пекинг.
Со само десетина активни члена, Националната партија е многу скромна по големина, но таа беше доста гласна поради радикалниот дискурс.
Забраната беше силно критикувана од организациите за човекови права и од британското Министерство за надворешни работи, кои побараа почитување на слободата на изразување.
„Наредувам забрана за активностите на Националната партија на Хонгконг во Хонгконг“, пишува во соопштението на министерот за безбедност Џон Ли, објавен на владината веб-страница.
Шефот на партијата, Енди Чан, одби да ja коментира забраната засега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.