Свет
Хорхе Ареаца: Групата руски воени специјалисти во Венецуела може да биде зголемена
Групата руски воени специјалисти што работат во Венецуела според договорот за воена и техничка соработка може да биде зглемена, рече министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаца, на прес-конференцијата во Москва.
„Ние треба да обезбедиме одржување на опремата и да разменуваме воени и технички информации. Ова се одвива од 2001 година кога потпишавме договор за воена соработка. Во моментот на територијата на Венецуела е присутна комисија од специјалисти и, без сомнение, таа може да се прошири“, рече Ареаца.
Тој посочи дека Венецуела ќе биде подготвена за секаков развој на настаните, вклучувајќи и воено сценарио, и ќе даде цврст отпор во случај на американска вооружена агресија.
„Ќе бидеме подготвени за секакво сценарио, но прво да ставиме акцент на дипломатијата. Ние сме за мир и сакаме да разговараме со сите за мирот, но ако САД претпочитаат воен пат, ги имаме нашите вооружени сили, нашата народна милиција и народот и ќе бидеме подготвени не само да се спротивставиме и да возвратиме, туку да ја совладаме и уништиме секоја армија, колку и да е силна “, рече Ареаца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.