Свет
Чавушоглу до Трамп: Турција нема да дозволи никој да ѝ се заканува
Турција никогаш нема да толерира закани од никого, порача турскиот шеф на дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани со санкции против Турција доколку Анкара не го ослободи американскиот проповедник, кој е притворен под обвинение за шпионажа и тероризам.
„Никој не ѝ наредува на Турција. Никогаш нема да толерираме закани од никого. Владеењето на правото е за сите, без исклучок“, објави Чаушоглу на „Твитер“.
Претходно и американскиот потпретседател, Мајк Пенс, ѝ се закани на Турција со економски санкции ако не биде ослободен американскиот пастор. Ендру Крег Брансон (50), евангелистички христијански проповедник од Северна Каролина, беше ослободен од затвор вчера, каде што помина две години за да биде во домашен притвор поради проблеми со здравјето, пренесе турската новинска агенција „Анадолија“.
Американскиот претседател Доналд Трамп неколкупати побара ослободување на проповедникот, а минатата недела на „Твитер“ објави дека притворувањето на Брансон е срамно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.