Свет
Четвртина од новите случаи на коронавирус во Италија се странци
Италијанскиот министер за регионални работи, Франческо Боча, ненамерно откри дека речиси четвртина од новите случаи на коронавирус во Италија се од странско потекло по изјавата дека 75 отсто од случаите биле Италијанци заразени од Италијанци, пренесува „Ил џирнаке“.
Министерот Боча ги откри информациите додека се обидуваше да ги смири Италијанците загрижени дека неодамнешниот бран мигранти, кој од Северна Африка може да ја рашири болеста и да доведе до нов бран на појава на коронавирус.
„75 отсто од позитивните случаи се Италијанци заразени од други Италијанци. Што се однесува до позитивните странци кои се спасени на море, сите се подложени на тестови и брисови и многу од нив веднаш заминуваат“, рече Боча посочувајќи дека преостанатите 25 отсто се странци или Италијанци заразени од странци.
Во последните неколку недели бројот на нови пристигнувања на мигранти во Јужна Италија се зголеми, пред сè, во Сицилија и на островот Лампедуза, каде што беше објавено дека пристигнува во просек по еден мигрантски брод на час.
Во Центарот за мигранти на островот, кој има капацтет за 95 лица, во моментот живеат 950 лица, а градоначалникот на Лампедуза, Тото Мартело, прашува зошто владата не прогласи вонредна состојба.
Минатата недела повеќе 130 мигранти, кои биле испратени во северна Италија, биле позитивни на коронавирусот по тестирањето во Центарот за прием на мигранти во Тревизо. Неколку центри за мигранти се ставени во карантин по откривањето позитивни случаи, но многу мигранти направиле обиди да избегаат, дел од нив успешно.
Во неделата, во мигрантски центар во Удине, избувнаа немири кога мигрантите насилно протестираа против карантинот наметнат во центарот. Протестите продолжија во понеделникот, при што мигрантите палеа душеци и фрлаа камења врз пожарникарите, кои се обидоа да ги изгаснат пожарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Принцот Вилијам проговори за Кејт Мидлтон: „Жал ми е што не е тука со нас“
При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.
Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.
Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.
„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.
Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.
По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.