Свет
Човекот кој го запали студиото за анимации во Јапонија е крадец и ментално болен
Осомничениот за подметнување пожар во студиото за анимации, при што загинаа 33 луѓе, во едно од најлошите масовни убиства во последните 20 години во Јапонија, претходно бил осуден за кражба и бил на лекување поради ментална болест, пренесе телевизијата НХК.
Полицијата го идентификувала како 41-годишен Шињи Аоба, осуден на 3 и пол години затворска казна поради кражба во 2012 година.
Откако бил пуштен од затвор, Аоба некое време поминал во установа за поранешни затвореници. Примал и лекови за ментална болест.
Аобе вчера влегол во трикатната зграда извикувајќи – Умрете!, тврдејќи дека бил плагиран, по што го полил студиото со запаллива течност, најверојатно бензин и го запалил.
Во пожарот загинаа 33 луѓе, а 10 се во критична состојба, објавија властите во Токио. Како што се наведува, тој го планирал нападот. Тој изгледал незадоволно, луто, викал нешто дека бил плагиран, рекла некоја жена која била присутна на местото кога полицијата го привела напаѓачот.
Осомничениот немал никаква врска со студиото „Кјото анимејшн“, а на неговата возачка дозвола е впишана адреса во Саитам, северно предградие на Токио. Кога го уапсила полиција рекол: „Јас го направив тоа“, и додал дека го подметнал пожарот бидејќи студиото му го украло романот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Египет го достави предлогот на Хамас до Израел за едногодишен прекин на огнот во Газа
Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи.
Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека и Египет презентирал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафах на југот на Појасот Газа во близина на египетската граница, пренесе ТАСС.
За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите.
На 1 декември 2023 година, израелската армија го обвини Хамас за кршење на примирјето што стапи на сила на 24 ноември и за продолжување на борбените операции во Појасот Газа.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.