Свет
Швајцарија ќе ја воведе највисоката минимална плата во светот
Женева ќе воведе минимална плата од 4.086 швајцарски франци месечно (3,786 евра) што е највисока во светот.
Околу 500.000 гласачи во овој кантон ја одобрија минималната плата предложена од локалните синдикати и левичарските партии, откако двапати ја одбија во 2011 и 2014 година, објави британски „Гардијан“.
Минималната исплата по работен час е 23 швајцарски франци, двојно повеќе отколку во соседна Франција, со загарантирана минимална месечна плата од 4.086 швајцарски франци врз основа на работната недела од 41 час или 49.000 швајцарски франци годишно (53,370 долари) во еден од најскапите градови во светот за живот.
Телевизијата „Франс 3“ објави дека мерката е донесена откако швајцарскиот град, чија економија зависи од туристички и деловни посетители, е особено погоден од епидемијата на Ковид-19.
Мишел Шара, претседателот на независната организација „Групмен трнсфронталие еуропен“, која ги поддржува оние кои живеат и работат ширум француско-швајцарската граница, го опиша резултатот од гласањето како знак на солидарност со сиромашните во градот.
„ Ковид-19 покажа дека одреден дел од швајцарското население не може да живее во Женева… 4.000 (швајцарски франци) е минимум да не падне под границата на сиромаштијата и да не се најде во многу тешка ситуација“, вели Шара.
Од мерката ќе имаат корист 30.000 работници со ниски плати, од кои две третини се жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.