Свет
Шведска користи лизгалишта и бродски контејнери како мртовечници
Шведските власти се принудени да ги користат бродските контејнери-ладилници, лизгалиштата на мраз и фрижидерите во кантините за да ги складираат починатите бидејќи се зголемува бројот на починати од Ковид-19, а погребите се одложени во целата земја, пренесува РТ.
Долгите викенди, како велигденските празници, може да предизвикаат заостанување во работата, но ситуацијата е влошена со епидемијата на коронавирусот и последователните смртни случаи и прекините во погребувањата на гробиштата, од кои повеќето се затворени како мерка на претпазливост.
И во Гетеборг и во Стокхолм болниците прибегнаа кон изнајмување лизгалишта и контејнери-ладилници за привремено складирање на починатите, а Универзитетската болница „Каролинска“ во Солна прибегна кон употреба на просторија за складирање како привремена мртовечница.
„Голем проблем е што нашите мртовечници не се соодветно димензионирани за толку голем град“, вели директорот на погребалната служба во Гетеборг, Катарина Евенсет, за Шведското радио.
Таа додаде дека лизгалиштата одлично ќе послужат бидејќи ковчезите се поставени на лизгалиштето за хокеј, во кое нема деловна активност во услови на кризата поради коронавирусот.
Во меѓувреме, Клис Рут од Универзитетската лабораторија „Каролинска“ рече дека ситуацијата е затегната бидејќи приливот на тела е поголем од одливот, ситуација која прилично мрачно важи за сите болници во земјата.
Болницата „Дандеридс“ во Стокхолм забележала петкратно зголемување на бројот на тела испратени во мртовечницата додека бројот на тела на „Каролинска“ се зголемило од осум на 100 до 150 тела.
Шведска реши да не воведува строг режим на движење поради пандемијата наметнувајќи само мали ограничувања на јавниот живот и движењето. Таму сега се забележани повеќе случаи на зараза отколку во нејзините скандинавски соседи, на пример, Норвешка, каде што има 6.086 заразени и 89 смртни случаи, и Данска, каде што има 5.266 зарзени и 203 смртни случаи.
Сепак, дури и властите во финската престолнина Хелсинки презедоа слични екстремни мерки изнајмувајќи контејнери-ладилници иако Финска има многу помал број смртни случаи на коронавирус од своите соседи.
Уште позагрижувачки вести се дека 50-ина вработени од одделот за торакална хирургија во универзитетската болница во Линкопинг биле тестирани на коронавирус, што покажало дека половина биле позитивни на вирусот. Тие се испратени во самоизолација, но се зголемува загриженоста за бројот на пациенти со кои заразениот персонал имал контакт.
Во Шведска во моментот има 7.693 потврдени случаи на инфекција со Ковид-19, а бројот на починати во земјата е 591.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Свет
(Видео) „Очајно сакаме да јадеме нешто“: илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи останаа без храна
Туристите заглавени на аеродромот во Дубаи изјавија дека очајно бараат храна, а во исто време остануваат без вода поради големите поплави предизвикани од дожд и грмотевици, јавува Би-би-си.
Речиси 50 лета беа откажани во вторникот, а на социјалните мрежи се појавија снимки од луксузни автомобили, кои пливаат во порои од вода и поплавени трговски центри, како и потопени аеродроми.
Надлежните упатија предупредување до граѓаните да останат дома, но патниците останаа на аеродромите и велат дека чекаат со часови и немаат информации. На шалтерите имаше голем метеж, како и групи луѓе што извикуваа, ракоплескаа и свиреа во знак на протест.
Според интернет-страницата за следење летови Flight Aware, 150 лета, кои требаше да го напуштат меѓународниот аеродром во Дубаи, биле одложени, а 120 биле откажани. „Емиратите“, водечката авиокомпанија во Дубаи, најави суспензија на услугите до четврток наутро.
Dubai Airport right now
pic.twitter.com/FX992PQvAU— Science girl (@gunsnrosesgirl3) April 16, 2024
„Во моментот се соочуваме со значителен прекин поради временските услови и континуирано работиме со нашите тимови за одговор при итни случаи за да ја вратиме нормалната работа што е можно побргу“, објави Меѓународниот аеродром во Дубаи на социјалната мрежа Х во средата.
Како што соопштија, летовите продолжуваат и денеска од терминалот 1, со напомена дека патувањето е можно само со потврдени резервации бидејќи летовите сè уште се откажани и доцнат.
Патниците преживуваа само со користење на услугите на царинските продавници, каде што производите се ослободени од локални или државни даноци, под услов да ги купуваат туристите што потоа ќе плаќаат царина и даноци во земјата на дестинација, пренесува медиумот. Џејмс и Елизабет Дивајн од Кембриџ останале заглавени на погрешен аеродром со својот шестмесечен син кога, враќајќи од свадба, нивниот лет во Сиднеј бил пренасочен. Тие слетаа на аеродромот Dubai World Central, кој е оддалечен повеќе од 80 километри од нивната наменета дестинација.
„Рестораните се затворени, единствената храна што ја имаме е од продавниците на аеродром, така што нема храна за бебиња или мали деца. Нема ниту пелени, па ги делиме со другите патници, на кои исто така им требаат“, рече Џејмс.
Имајќи предвид дека постојано пристигнуваат нови патници, Џејмс проценува дека моментно на аеродромот има стотици, ако не и илјадници луѓе. Како што велат, чекаат 13 часа, а паниката постојано расте поради недостигот на храна и вода.
Маргарет и Дерек Мекартур од Шкотска во средата требало да заминат од Дубаи за Токио. Тие пристигнале за качување во 6 часот наутро, но 13 часа подоцна сè уште немаат алтернативен лет или објект во кој би можеле да преноќат. „Немаме храна, досега пиевме само кафе. Очајни сме да јадеме, не ни дадоа ваучери и не знаеме што се случува“, рекла Маргарет.
Мат Вер, кој десет години живее во Дубаи, се присети на големиот застрашувачки облак што се појави на небото во вторникот попладне. „Небото стана целосно црно, зелено и апокалиптично, видов дека доаѓа бура. Дубаи остана под вода, илјадници куќи беа целосно поплавени“, изјави Вер.
Во вторникот Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) забележаа најголем број врнежи отколку пред 75 години. Дождот не е вообичаен во ОАЕ, но повремено се појавува за време на постудените зимски месеци.
Училиштата ќе останат затворени до следната недела, а работата од дома е продолжена за уште еден ден за повеќето вработени во владата. Претседателот исто така нареди семејствата погодени од невремето да бидат преместени на побезбедни локации. Најмалку едно лице загина во поплавата, 70-годишен маж, кој се удави во автомобил во Рас Ал-Каима, а неодамна беа објавени фотографии што покажуваат како водата ги поплавува и пустинските области.
Свет
Четири руски ракетни фрлачи и авиони сериозно оштетени на Крим, соопшти Украина
Во украинскиот напад на воениот аеродром на Крим вчера сериозно се оштетени четири ракетни фрлачи, три радарски станици и друга опрема, соопшти украинската воена разузнавачка агенција.
Четири ракетни фрлачи земја-воздух „С-400“ и контролен пункт за воздушна одбрана стациониран во воздухопловната база Џанкој се меѓу опремата што е „уништена или критично оштетена“, објави агенцијата на „Телеграм“, пренесе „Ројтерс“.
Агенцијата додава дека во нападот биле уништени или оштетени и голем број авиони. На неколку сметки на каналот „Телеграм“ вчера се појави информација за силна експлозија во Џанкој. „Ројтерс“ не можеше да ги потврди наводите, а Русија официјално не ги коментира.
Украинската агенција не даде информации за тоа какви средства се употребени за нападот, кој го опиша како успешен.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно ѝ се заблагодари на армијата за прецизноста вклучена во операцијата.