Свет
Шведска пушти во употреба нов супертаен шпионски брод во Балтичкото Море
Нов разузнавачки брод, изграден од „Сааб кокумс“ за шведската армија, беше пуштен во употреба во Балтичкото Море, пренесува шведски „Експрес“.
Во средата шпионскиот брод долг 74 метри официјално беше наречен ХМС Артемис, а бил изграден од подизведувачот на „Сааб кокум“, бродоградилиштето „Наута“ во Гдинија во Полска, кое е дел од полската одбранбена група ПГЗ.
„Шведските вооружени сили и морнарицата ќе добијат квалификувано и модерно сигнален брод што ќе ги зголеми нивните капацитети”, рече генералниот директор на Управата за одбрана на Шведска, Горан Мартенсон.
Мартенсон го опиша ХМС Артемис долгоочекуван проект поради големата потреба за нов SIGNIT брод. Неговиот претходник, ХМС Орион, е во употреба веќе 35 години.
„Во споредба со ХМС Орион, кој беше пуштен во употреба во 1984 година, неговата замена има голема техничка предност и подобрена работна и животна средина, зголемена оперативна безбедност и подобрени карактеристики на електромагнетната компатибилност, односно на начинот на кој опремата во пловилото влијае на околната електронска опрема и на чувствителноста на опремата за надворешно електронско попречување”, рече менаџерот на проектот ФМВ, Петер Андерсон.
Точната опрема достапна во ХМС Артемис строга тајна. Меѓутоа, офшор извидувачките активности остануваат приоритетни бидејќи морските пловила може да се доближат до изворот и да детектираат дури и слаби сигнали.
Шведската кралска морнарица е составена од површински и подморнички поморски единици (Кралската флота), како и морски единици (амфибискиот корпус). Нејзината единствена поморска база е Карлскрона во архипелагот Блекинге.
Градот со 35.000 жители е основан во 1680 година, наменски како поморска база поради својата добро заштитена локација без мраз, како и поради близината до поранешниот кучен непријател Данска. Бродоградилиштето во Карлскрона одамна е најголемиот шведски индустриски работодавач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.
Регион
Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци
Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.
По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.
Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.
Свет
„Фокс њуз открива“: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина
Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава „Фокс њуз“.
„Фокс њуз“ во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.
Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до која имал пристап „Фокс њуз“, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.
Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс рече дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.
Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја поради што понекогаш се појавуваат разни бројки за американската помош за Киев.