Свет
Шведска се подготвува за строги мерки откако Ковид-19 однесе речиси 500 животи
Шведска, која има меѓу најрелаксираните ограничувања против пандемијата на Ковид-19 во Европа, го отвора патот за нови закони што би можеле да доведат до строг режим на движење на национално ниво откако бројот на смртни случаи се приближи до 500, пренесува „Афтонбладет“.
Властите објавија дека од понеделникот Шведска, која има население од 10,2 милиони, има вкупно 7.206 потврдени случаи на коронавирус и 477 смртни случаи. Како резултат на тоа, владата се подготвува да ја зголеми сопствената моќ за можно воведување строг режим во текот на месецов.
Министерката за социјална политика, Лена Халенгрен, од социјалдемократите изјави дека актуелниот Закон за заштита од инфекции не ѝ дава на владата доволна моќ да нареди строг режим на движење сличен на оние што веќе се во примена во Франција или Велика Британија.
Во споредба со Велика Британија или Германија, каде што се забранети јавни собири од повеќе од двајца, во Шведска можат да се соберат групи и до 50 лица.
Предлогот во сегашна форма ќе ѝ овозможи на владата да дејствува без да има потреба од консултантирање со парламентот, мерка на која се противат демохристијаните од десниот центар, чиј лидер Ебаба Буш Тор изјави дека е потребен парламентарен надзор.
Лидерот на популистичката Шведски демократи, Јими Акесон, изрази слично мислење, велејќи дека се подготвени да го отфрлат предлогот на владата ако не биде приспособен на нивните барања.
Во меѓувреме, иако Шведска им овозможи на многу бизниси да останат отворени, вклучувајќи ги рестораните и трговските центри, шведската економија сè уште забележува значителни ефекти од појавата на коронавирусот.
Во понеделникот главната аналитичарка на шведската Служба за вработување, Аника Сунден, изјави дека од 1 март досега 50.000 луѓе биле известени дека ќе ги загубат своите работни места.
„Минатата недела имаше значителен прилив од луѓе кои аплицираат поради невработеност во Службата за вработување. Минатата недела 25.350 лица се регистрираа како невработени. Ова е многу висока бројка – повисока од секоја индивидуална недела за време на финансиската криза“, рече Сунден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.