Свет
Шведскиот премиер ќе работи на формирање нова влада откако му изгласаа недоверба
Шведскиот премиер Стефан Лофвен изгуби на задолжителното гласање доверба во парламентот на 25 септември поради што социјалдемократот ќе мора да се повлече од функцијата, пренесува „Спутник“. Според Лофвен, многу малку луѓе сакаат нови избори, вклучувајќи ги и гласачите, па вети дека ќе продолжи да работи на формирање нова влада.
Шведски „Локал“ објави дека 204 од 349 члена на шведскиот парламент гласале против поддршката на Лофвен. На парламентарните избори во Шведска на 9 септември блокот од левиот центар на Лофвен освои 144 пратенички места, едно повеќе од опозициската партија на десниот центар Алијанса.
Антимигрантската Шведски демократи, која стана трета најголема партија во Шведска, со 62 освоени пратенички места по неодамнешните избори, го поддржа гласањето за отстранување на Лофвен, но сè уште не е јасно дали ќе ја поддржи владата на Алијансата.
Новоизбраниот претседател на парламентот, Андреас Норлен, ќе мора да номинира нов кандидат за функцијата премиер. Тој ќе одржи разговори со лидерите на партиите и ќе избере политичар што ќе ја добие поддршката на мнозинството. Норлен може да понуди вкупно четири кандидати и ако ниту еден од нив не биде избран, ќе бидат распишани нови избори 3 месеци по последните избори. Уставот на Шведска не бара мнозинството членови на парламентот да гласаат за кандидат за премиер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.