Контакт

Свет

Шведските уметници бараат бојкот на Евровизијата во Израел поради „апартхејдската политика“ во земјата

Објавено пред

Вкупно 171 шведски уметници и познати личности потпишаа отворено писмо во кое повикуваат да го бојкотираат натпреварот за песна на Евровизија во Израел, пренесува „Спутник“.

dobivaj vesti na viber

„Ние, шведските уметници и културни работници кои го потпишаа овој повик, не можеме мирно да гледаме како Израел го користи натпреварот за песна на Евровизија за да ги сокрие своите злосторства против палестинскиот народ”, се вели во апелот објавен во „Афтонбладет“.

На листата потписници се прог-рок ѕвездата Микаел Виехе, наградувана актерка Ло Каупи и пејачот и текстописец Јоахим Тастром од шведскиот панк-рок бенд „Ебба Грон“.

„Само неколку дена по израелската победа на Евровизија во мај 2018 година, израелската армија уби 62 Палестинци кои протестираа против нивната затвореност во Појасот Газа. Шестмина од убиените беа деца, а истовремено израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, изрази задоволство што Нета Барзилаи, победничката пејачка, е најдобриот амбасадор на Израел во светот, тврдат шведските уметници.

Отвореното писмо беше потпишано и од новинарот Кајса Екис Екман, кој учествуваше во флотилата „Слобода“ во 2015 година во Газа, музичарот Дрор Фејлер, члена на Левичарската партија роден во Израел, кој исто така учествуваше во флотилатам и основачот на Зелената партија, Пер Гартон.

„Сè додека Израел со својата политика на апартхејд им ги негира на Палестинците основните човекови права, ние мора целосно да се откажеме од учество во израелските културни размени”, се вели во отвореното писмо.

Претходно, повици за бојкот на Евровизија во Израел беа испратени од Левичарската партија со барање Израел да биде исклучен од Евровизија на хуманитарна основа.

„Не можеме да продолжиме да танцуваме и пееме додека продолжува злоупотребата на палестинскиот народ”, рекоа од партијата.

Апелот на уметниците, кој го отелотворува ставот на левичарската културна елита во дебатата за Блискиот Исток, предизвика многу негативни реакции со обвинувања за антисемитизам и за двојни стандарди за прашањата како што се правата на ЛГБТ .

„Знаете дека антисемитизмот постои кога еден куп музичари искажуваат еднострана омраза кон единствената демократија на Блискиот Исток и единственото место во регионот каде што хомосексуалците не се прогонувани и каде што луѓето можат да веруваат и да кажат што сакаат, без репресалии. Ниту еден од нив не протестираше против одржувањето на Евровизија во Азербејџан”, објави на Твитер психијатарот и автор Дејвид Еберхард.

Како дел од „феминистичката” надворешна политика на нацијата, Шведска во 2014 година стана првата нација во ЕУ што ја призна државата Палестина, што предизвика сериозна реакција од Израел и драматично заладување на шведско-израелските односи.

Овогодишниот натпревар за песна на Евровизија ќе се одржи во Тел Авив во мај по победата на Барзилаи минатата година во Лисабон. Израелската пејачка ги отфрли повиците за хуманитарен бојкот тврдејќи дека тоа не е решение.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Објавено пред

Парламентот на Индонезија одлучи поранешната метропола Џакарта да остане економски центар на земјата како дел од планот за преселување на главниот град на островот Борнео.

dobivaj vesti na viber

Индонезија планира да го пресели својот главен град од преполната Џакарта во Нусантар, град вреден 32 милијарди долари кој се гради во џунглите на Источен Калимантан, Борнео.

Градот е водечки проект на претседателот во заминување Јоко Видодо, кој вети подобра дистрибуција на богатството и развој низ архипелагот, не само на островот Јава.

Министерот за внатрешни работи Тито Карнавијан по дебатата во парламентот рече дека Џакарта сè уште ќе треба да се развива понатаму за да се натпреварува со другите „градови од светска класа“ откако седиштето на владата се пресели во Нусантара.

„Откако повеќе не е главен град, Џакарта сепак мора да има печат на посебен град за да може да го забрза економскиот раст и да го зголеми својот придонес во БДП на земјата“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ за евентуалното блокирање на Телеграм: „Се повеќе станува алатка во рацете на терористите“

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека во моментов не се планира блокирање на социјалната мрежа Телеграм во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Не, во моментов нема такви планови“, изјави Песков за каналот Шот на прашањето дали Русија планира да го блокира Телеграма.

Тој додаде дека основачот на таа платформа Павел Дуров треба повеќе да внимава како се користи оваа социјална мрежа.

„Секако, би очекувале поголемо внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошки аспект, кој порасна, всушност, пред очите на нашата генерација, се повеќе станува алатка во рацете на терористите, се користи за терористички цели“, рече портпаролот на Кремљ, пренесува РИА Новости.

Како што изјави во средата за РИА Новости, извор запознаен со ситуацијата, сторителите на терористичкиот напад во предградието на Москва биле регрутирани преку каналот на Телеграм, Глас Хорасан, сопственост на авганистанското крило на Исламската држава.

Пратеникот на Државната дума од Обединета Русија Олег Морозов денеска оцени дека е неопходно да се развие механизам за автоматско блокирање на каналите на Телеграм кои регрутираат терористи користејќи клучни зборови користејќи вештачка интелигенција.

Прикажи повеќе...

Европа

Шолц: Мирот во Украина е можен во секој момент, само ако Путин ги повлече своите војници

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, „варварска“ кампања и ги повлече војниците.

dobivaj vesti na viber

Шолц за „Маркише Агемајне Цајтунг“ изјави дека секогаш имало иницијативи за посредување.

„На пример, веднаш по избувнувањето на војната, Русија и Украина директно преговараа меѓу себе. Преговорите потоа пропаднаа затоа што Русија ги искористи само како изговор за истовремено да ги премести своите трупи на исток за голема офанзива“, посочи тој.

Како што тврди, токму тогаш на виделина излегле „масакрите“ во Буча и Ирпин, злосторства против човековите права извршени од страна на руските вооружени сили врз цивилното население, со што разговорите се лишени од секаква основа, пренесува медиумот.

„Малку подоцна се разговараше за договорот за жито, со успех. За жал, Путин во одреден момент повторно го откажа“, додаде Шолц.

Тој изјави дека имало разговори и за безбедноста во нуклеарната централа Запорожје и за размена на затвореници.

„Голем број земји, вклучително и Украина, во моментов разговараат на ниво на советници за безбедност за тоа што би можело да изгледа како нешто што може да доведе до мировен процес, но дозволете ми да бидам многу јасен: мирот е можен во секое време. Путин само треба да стави крај на неговата „варварска“ кампања и да ги повлече трупите“, истакна Шолц.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет2 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет2 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија2 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион3 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет3 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет3 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија18 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија19 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија20 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија21 час

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија22 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија24 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...