Европа
Шпанија воведе карантин за уште 70.000 лица
Официјални лица во северозападниот шпански регион Галиција повторно воведоа ограничувања за речиси 70.000 луѓе по избувнувањето на заразата.
Излегувањето и влегувањето во крајбрежната област А Марина е дозволено само за оние што одат на работа од недела на полноќ до петок, јавува Би-би-си.
Овој потег се случи само еден ден откако регионот Сегрија во Каталонија воведе слична блокада.
Во целата земја епидемијата на коронавирусот е ставена под контрола.
Шпанија забележа повеќе од четвртина милион случаи и најмалку 28.385 смртни случаи.
Во последните три недели земјата бележи едноцифрени бројки на смртни случаи.
Шпанија ги отвори своите граници кон другите земји од ЕУ, како и со Велика Британија.
Регионалните службеници за здравство соопштија дека патувањето до и од округот А Марина ќе биде строго ограничено на пет дена – иако луѓето останаа слободни да се движат во областа.
Собирите се ограничени на 10 лица, а носењето заштитни маски е задолжително надвор.
Официјални лица ги поврзаа епидемиите со баровите во регионот. Капацитетите во баровите и рестораните сега се ограничени на 50 проценти.
Во Галиција во моментот има 258 случаи на коронавирус, вклучувајќи 117 во провинцијата Луго, каде што се наоѓа Марина, соопштија официјалните лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Инцидент во Франција: Се обиделе со дрон да достават дрога во затвор
Инцидентот се случил во близина на затворот кој се наоѓа на четири километри јужно од градот Екс-ан-Прованс, во селото Луинес, пренесува „Фигаро“.
„Полицијата била известена за необична појава во близина на затворот Луинес. Беспилотно летало било над казнено-поправниот дом“, соопштија од полицијата.
Безбедносните сили го следеле сомнителното возилото кое набрзина го напуштило местото на настанот.
Возачот потоа застанал на коловозната лента на автопатот за да ги земе двајцата соучесници.
Полицајците нашле ранец со дрога и футрола за дронот.
Три лица на возраст меѓу 22 и 32 години се осомничени дека доставувале дрога на затворениците со помош на дрон.
Сите тројца се уапсени на автопатот.
Претходно францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен предупреди на трговијата со дрога во француските градови бидејќи се повеќе наркотици се доставуваат во Марсеј и други градови со скутери или автомобили од продавачите до потрошувачите.
Европа
Италијански град го забрани пушењето на оддалеченост помала од 5 метри од други луѓе
Во италијанскиот град Торино, пушењето на отворено е дозволено само ако другите луѓе се оддалечени најмалку пет метри од пушачот, а градоначалникот Стефано Ло Русо смета дека одлуката се заснова на „здрав разум“. „Се работи за почитување на оние кои не пушат, а во исто време се работи за промовирање на културата на почит“, изјави Ло Русо, член на централно-левичарската Демократска партија, за локална радио станица во вторникот.
Сите оние кои не ја почитуваат оваа регулатива ризикуваат казна од 100 евра. Забраната се однесува на пушење цигари, пури, лулиња, загреани тутунски производи и електронски цигари, стои во одлуката што во понеделникот ја усвои и ја одобри градскиот совет.
Регулативата предвидува на луѓето кои пушат да им приоѓаат со цигара „само со нивна согласност“, додека пушењето на отворено е целосно забрането во присуство на деца и трудници.
Торино не е првиот голем италијански град кој го ограничува пушењето на отворено. Во 2021 година, Милан го забрани автобуски станици, такси, стадиони, паркови и гробишта.
Европа
Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата; Кремљ: Режимот на Киев ги користи таквите идеи
Кремљ денеска ладнокрвно реагира на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за прекин на огнот во меѓународните конфликти за време на Олимпијадата во Париз велејќи дека Украина може да го искористи тоа како можност за прегрупирање и повторно вооружување, пренесува „Ројтерс“.
Прекинот на непријателствата според олимпиското примирје е долгогодишна традиција, а Макрон во интервјуто во понеделникот рече дека ќе работи на тоа да го постигне кога Париз ќе биде домаќин на Летните игри од 26 јули до 11 август.
Запрашан за ова, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека и рускиот претседател Владимир Путин и руската војска забележале дека, по правило, режимот во Киев ги користи таквите идеи и иницијативи за да се обиде да се прегрупира и повторно да се вооружи.
Тој не наведе ниту еден конкретен пример за вакво однесување на Украина. Војната беснее од 24 февруари 2022 година кога Путин ја почна, како што рече, „специјалната воена операција“ во Украина, а во тој период немаше прекин на огнот.
Песков не отиде толку далеку за да ја отфрли можноста за олимписко примирје, но рече дека сè уште никој не презел никакви официјални чекори во тој поглед.