Свет
Шпанија дозволила израелски агент да сослушува палестински новинар во Мадрид
Шпанските безбедносни служби дозволиле израелски агент од шпионската агенција Мосад да сослушува палестински новинар кој барал азил, објави новинската агенција „Вафа“.
Инцидентот во зградата на Цивилната гарда во Мадрид беше осуден од синдикатот на палестинските новинари. Синдикатот ја повика шпанската влада да преземе одговорност преку осигирување на безбедноста на Муат Хамид и на неговото семејство. Оттаму, исто така, повикаа шпанските власти да отворат истрага за тоа што се случило за време на сослушувањето.
Шпанската Цивилна гарда е најстарата агенција за спроведување на законот во земјата и има „воена природа“. Синдикатот на новинари соопшти дека постои сомневање дека заедно со Мосад овозможила израелскиот агент да го испрашува Хамид во својата зграда.
„Ова е грубо кршење на меѓународното право, повреда на шпанскиот суверенитет и закана за безбедноста и сигурноста на новинарот“, тврди синдикатот.
Во изјавата се додава дека случајот се следи внимателно заедно со Унијата на шпански новинари, палестинското Министерство за надворешни работи и иселеници и шпанските политички и безбедносни органи за да се осигура дека Хамид нема да биде предмет на никаква повреда или тортура.
Хамид, кој е репортер на телевизијата „Ал Араби“ и хонорарен соработник на „ Ал-Араби Ал-Џадид“ во моментов има статус на бегалец во Шпанија, каде што живее со сопругата и двете деца.
Популарниот шпански онлајн весник „Публико“ минатиот петок објави дека на 9 декември Хамид добил телефонски повик од „Николас“, дежурен офицер во информативната служба на шпанската Цивилната гарда
„Николас наводно сакал да разговара за работата на Хамид како новинар, за неговото минато и неговиот живот во Шпанија. Ова е редовна постапка за бегалците и мигрантите“, објави „Публико“.
Кога новинарот отишол да го се сретне со „Никола“ во Билбао, се сретнал со друг офицер, Хавиер.
„Хамид одговорил на сите прашања, објаснувајќи зошто поднел барање за азил во Шпанија и го опишал своето патување од Палестина до Европа преку Турција“, објави Паблико.
На почетокот на февруари младиот палестински новинар повторно бил повикан од Никола… овој пат во Мадрид. Овој пат во просторијата имало и друг човек, наводно наречен Омар, кој му бил претставен како Палестинец. Хамид, сепак, веднаш го забележал неговиот израелски акцент и решил да одговори на неговите прашања на хебрејски.
Омар признал дека е Израелец, а во тој момент Хавиер ја напуштил просторијата, оставајќи го Хамид во рацете на агентот на Мосад, кој им се заканил на палестинскиот новинар и на неговото семејство, велејќи дека никогаш нема да им биде дозволено да се вратат во Палестина поради една од неговите новинарски истраги поврзана со работата на Мосад.
„Публико“ побарал коментар и појаснувања од Израелската амбасада и од Цивилната гарда, како и од шпанското Министерство за внатрешни работи, но досега нема повратни одговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.
Свет
Евакуација на две села во Русија поради поплави, стабилнo во Удмуртија
Во областа Абат во руската област Тјумен во тек е евакуација на жителите на две села поради поплави, ситуацијата во Удмуртија се стабилизира, а водостоите на реките во тој руски регион се намалуваат, соопштија официјални лица.
Жителите на селата Назарово и Јурга во областа Тјумен се евакуираат со бродови, пренесе „Интерфакс“.
Официјални лица соопштија дека нивото на водата во реката Лоза во руската Удмуртска Република, која поплави 120 станбени области во регионалниот центар Игра, се намали речиси 120 сантиметри.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.